Работи кои сите ги прават во хотелска соба

Иако дома е најубаво, сепак има некоја магија во тие хотелски соби која нè тера да правиме работи што на друго место не ни сме помислиле да ги направиме.

raboti-koi-gi-pravat-site-vo-hotelska-soba-1

Имате кревет, телевизор, бања и на некои работи не можете да одолеете, но ако мислите дека сте единствената личност што се однесува така, тогаш грешите.

Со сигурност и вие ќе се препознаете помеѓу овие ситници:

Далечинскиот управувач

Ги поминувате сите телевизиски канали, некои и по два пати, сè додека не пронајдете нешто интересно и по 10 минути гледање го исклучувате телевизорот, бидејќи нели не сте дојдени таму за телевизија.


Неодоливата бања

Топлата вода во бањата која ви се чини дека е бескрајна. Се туширате долго, но воопшто не чувствувате грижа бидејќи можете да останете под тушот колку сакате.


Кревет кој не е ваш

Некој друг уредно го здиплил и изгледа толку меко и нежно. Одеднаш рипнувате врз него, го растурате, скокате, се мавате со перници и што ли уште не.


Уредни сте

Вашата гардероба ја диплите и уредно ја ставате во гардероберот, иако можеби тоа дома не го правите сепак во хотелската соба е поинаку.

raboti-koi-gi-pravat-site-vo-hotelska-soba-2

Кревет-појадок-кревет

Станувате навреме за вашиот хотелски појадок, а потоа повторно си доаѓате во кревет малку да одморите и да се подготвите за претстојниот ден.


Можеби има нешто...

Љубопитно ја пребарувате целата соба, гардероберот, под креветот, ги отворате сите можни фиоки мислејќи дека можеби претходните гости оставиле нешто зад себе.


Украдена колекција

На својата колекција додавате едно сапунче, можеби некоја чаша, капи за туширање или било која друга ситница и воопшто не чувствувате грижа заради тоа.


Се препознавте ли? Имате нешто да додадете од вашето лично искуство? :-) 

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците „За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg