7 работи кои нема потреба да ги носите на годишниот одмор
Колку и да се трудите да ги спакувате потребните работи, секогаш се наоѓа нешто во торбата, кое навистина не било неопходно, ниту ќе го искористите за време на одморот.
Водичи
Можеби ви звучи нелогично, но за време на одморот не ви се потребни водичите. Сигурно е дека сите потребни информации ќе може да ги најдете на интернет, преку информациите од хотелот или од населението. Доколку сепак сте несигурни, испечатете го само она без кое мислите дека не можете, а водичот оставете го дома.
Непотребни апарати
Разните апарати заземаат премногу простор, особено дополнителните полначи. Камери, фотоапарати, преносна меморија, телефони, адаптери, конвертори... Навистина нема потреба од сето тоа, одберете го само неопходното, а другото оставете го дома, ќе преживеете и без тоа. Не само што ќе заштедите на простор туку ќе се ослободите и од притисокот дека мора да го забележите секој момент.
Пешкири
Иако сте купиле и сте спакувале убави, меки пешкири, сигурно е дека нема да ви требаат. Големи се, не се пакуваат лесно и ви одземаат многу простор. Во повеќето хотели веќе има пешкири за на плажа, а колку да се чувствувате посигурно, носете еден мал спортски пешкир.
Скапоцености
Туристите се честа мета на крадците. Знаат дека со себе носат повеќе пари и вредни работи, па лесно ги примамуваат. Вашите скапоцености ќе бидат побезбедни во домот, но ако сте посигурни може да ги оставите и кај некој пријател на кого безрезервно му верувате.
Премногу облека
Ова особено важи за дамите. Носат полн куфер гардероба иако и сами знаат дека нема сè да облечат. На летувањето се опуштаме и поголемиот дел од денот го поминуваме на плажа, каде не е потребно ништо друго освен костум за капење. Понесете неколку комбинации за навечер и тоа ќе ви биде сосем доволно.
Премногу козметички препарати
Одморот е време и за кожата да здивне од сите третмани. Не претерувајте со кремите и другите производи. Понесете млеко за тело кое ви ја негува кожата за време на сончањето, паста за заби, купка и шампон. Сè што ќе земете повеќе од тоа ви е непотребно и само ви го натрупува несесерот.
Книги
Иако читањето опушта и го подобрува квалитетот на одморот, сигурно е дека нема да ви треба повеќе од една книга. Не носете премногу, бидејќи или џабе ќеги однесете и ќе ги вратите или ќе чувствувате притисок дека треба да ги прочитате, па ќе заборавите на другите активности. Една книга е доволна за пополнување на досадата.