10 помалку познати дестинации на кои би уживале љубителите на животни
Сигурно многумина сонуваат за одмор на кој пливаат со делфини, шетаат со пингвини или се дружат со бели лавчиња и жирафи. Оние кои ги сакаат животните и не се плашат од нив желни се за некое егзотично патување на кое ќе може да уживаат покрај многуте животни.
За вистинските љубители на животните идеални би биле годишните одмори во Јужна Африка, Австралија, Мадагаскар или Тајланд.
Ако и вие сте едни од нив, одберете си го идеалното место, според омиленото животно!
1. Пливајте и шетајте се на плажата со пингвините во Јужна Африкa
Националниот парк Table Mountain е дом на многу питоми африкански пингвини кои поминуваат покрај вас и ви дозволуваат да им се приближите.
2. Дружете се со слончињата во Тајланд
Паркот на слоновите нуди ексклузивна можност да се дружите цел ден со слончињата, да ги галите и да ги гледате додека си играат во водата. Понекогаш има можност и вие да влезете во водата, па заедно да се забавувате.
3. Пронајдете ги коалите во Австралија
Коалите се малечки и слатки австралиски мечиња со интересен изглед кој ве примамува да им се приближите и ако можете да ги земете во прегратка. Сепак, тие се плашливи, па често се кријат и мора да ги барате по дрвјата. Но, во Австралија има и паркови каде се одржуваат екскурзии во кои може многу да научите за нив и да се дружите.
4. Фотографирајте ги одблиску лемурите во Мадагаскар
Повеќе од 80 % од дивите егзотични животни кои живеат на Мадагаскар ги нема на ниедно друго место. Едни од најнеодоливите се лемурите кои може да ги видите и фотографирате одблиску.
5. Дружете се и хранете ги малите лавчиња во Јужна Африка
Може да останете две недели во резерватот за лавчиња каде ќе им помагате на вработените да ги нахранат со млеко малите лавчиња и да се грижите за нив. Ова е вистинска авантура и доживување кое нема да го заборавите.
6. Одете на кафе со мачиња во Јапонија
Кафулето за мачки е едно од најпопуларните во Јапонија. Посетителите може да уживаат во милувањето со мачињата додека го пијат своето кафе. Но, овде правилата се според мачките, а не според гостите. Затоа, строго забрането е да ги вознемирувате, особено додека спијат.
7. Пливајте со делфини на Бахамите
Неверојатно е доживувањето кога пливате заедно со делфините кои знаат да ви ја покажат сета своја, радост, наклонетост и желба за дружење. Дозволете им да ве водат и ќе почувствувате нешто што не ви се случило никогаш претходно.
8. Уживајте во прегратките на многу зајчиња во Јапонија
Островот Окуношима во Јапонија е познат како остров на илјадници диви зајчиња. Нив може да ги сретнете на секој чекор, а ако им покажете храна, тогаш стотици од нив ќе се соберат околу вас. Тука може вистински да уживате во нивно друштво.
9. Во Калифорнија ќе ги видите морските лавчиња
La Jolla во Калифорнија е домот на морските лавчиња каде на брегот покрај плажите има доволно високи ѕидови на кои може да застанете и да ги набљудувате, но да не ги вознемирувате. Глетката на мало морско лавче кое се сонча на плажа е неодолива и незаборавна.
10. Појадувајте со жирафите во Кенија
„Giraffe Manor“ е луксузен хотел во кој може да најдете сè што очекувате, но и тоа што не сте го очекувале. Додека појадувате, ако ви отворен прозорецот, може да ве изненади некоја жирафа на трпезата. Интересно и невообичаено, но за оние кои ги сакаат животните е вистинско задоволство.