Недоволно познати гратчиња кои не треба да ги одминете

Вообичаено имаме навика да планираме патувања само за во некои добро познати популарни европски градови како Лондон, Париз, Милано, Барселона. Сето тоа се должи на нивниот маркетинг и промоција преку туристичките агенции или медиумите.

nedovolno-poznati-gratcinja-koi-ne-treba-da-gi-odminete-01

Но, ако подобро разгледате или случајно скршнете од патот можеби ќе стигнмете до некое гратче кое во себе крие некоја поинаква убавина.

Toulouse 

Повеќето туристи кога тргнуваат кон Франција ги одбираат Париз или Азурниот брег. Но, Тoulouse дефинитивно треба да биде на листата градови кои мора да ги посетите во оваа земја. Можеби не сте знаеле дека овој град е избран за место со најдобар живот во цела Франција. Со многу историски споменици, уметнички галерии, претставува совршен туристички град.

nedovolno-poznati-gratcinja-koi-ne-treba-da-gi-odminete-1


Napoli

Ако сте во потрага по италијанскиот шарм и дух, тогаш Napoli е вистинскиот град во кој тоа се забележува на секој чекор. Освен историските и уметничките знаменитости во Неапол ќе ја пробате највкусната италијанска пица, а тамошните италијански вина се надалеку прочуени.

nedovolno-poznati-gratcinja-koi-ne-treba-da-gi-odminete-2


Alicante

Град кој е неправедно запоставен, а претставува вистинско медитеранско уживање и го воодушевува секој кој го посетил. Изобилува со космополитски барови, одлични ресторани и сончево време. Не ви треба посебна причина за да го посетите.

nedovolno-poznati-gratcinja-koi-ne-treba-da-gi-odminete-3


Bern

Главниот град на Швајцарија е во сенка на познатите Женева и Цирих. Леши на бреговите на реката Аare и е еден од најубавите градови во светот. Неговиот средновековен дел е заштитен на листата на УНЕСКО.

nedovolno-poznati-gratcinja-koi-ne-treba-da-gi-odminete-4


Cork

Можеби поради локацијата Cork се наоѓа на крајот на Ирска, па и покрај тоа што е втор најголем град, сепак, не е доволно познат. Тоа е раздвижен, жив град со типично ирски начин на живот со посебен шарм.

nedovolno-poznati-gratcinja-koi-ne-treba-da-gi-odminete-5


Dresden

Берлин не е единствениот кул град  во Германија, иако е најпознат. Многу подобар е Dresden со неговата барокна архитектура и мноштвото галерии. Задолжително ставете го на вашата листа за патување.

nedovolno-poznati-gratcinja-koi-ne-treba-da-gi-odminete-6

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg