Магични погледи низ хотелските прозорци со кои ќе посакате да се разбудите
Понекогаш голем дел од уживањето за време на одморот зависи токму од првиот поглед наутро или последниот поглед пред да заспиете.
Токму затоа огромен број на хотели нудат извонредни пејсажи низ хотелските прозорци. Поглед кон океан, море, планина...
1. Хотел Salto Chico, Национален парк Torres del Paine, Чиле
Величенствено звучи можноста да гледате како се менуваат врвовите на глечерите, а под вашата тераса да се бранува водата и да ви носи свежина.
2. Jade Mountain Resort, St. Luica, Карипски Острови
Погледот кој го овозможува овој рајски ресорт е насочен 600 метри над морето, а најубав поглед има собата со т.н. „бескраен базен“.
3. Wolwedans Dunes Lodge, Намибија, Африка
Со еден збор, ова е сон кој може да го доживеете во пустинскиот ресорт во Африка со поглед на бајковитата природа, далеку од цивилизацијата.
4. Traders Hotel, Kuala Lumpur, Малезија
Ако сепак не сакате да избегате од цивилизацијата во природа тогаш ова е место кое ви нуди поглед на величенствена архитектура.
5. Le Sirenuse Hotel Positano, Италија
Со поглед на питорескната архитектура на италијанскиот брег ќе се чувствувате како да сте дел од најубавата разгледница.
6. Kakslauttanen Hotel & Igloo Village, Лапонија, Финска
Чудата се можни и се случуваат на северот. Во овој хотел во Финска може да го видите уникатниот поглед на небото за време на поларната светлина.
7. The St. Regis Deer Valley, Utah, САД
Чист планински воздух, сино небо и бели врвови, вие на тераса покрај камин – вистинска зимска идила.
8. Plaza Athenee Paris, Франција
Ако сакате да имате ексклузивен поглед на Ајфеловата Кула, да ги гледате најубавите изгрејсонца и зајдисонца, тогаш ова е луксузниот хотел кој ви го нуди тоа задоволство.
9. Тhe Ritz Carlton, Сингапур
Хотел во кој елеганцијата и луксузот ви се загарантирани. Со поглед на пристаништето и современата архитектура ги освојува сите кои сакаат да уживаат на своите службени патувања.
10. The Oriental Suite, Сан Франциско
Поглед кој ви дава чувство дека градот ви на дланка, а небото на дофат. Вистинско луксузно уживање.