Њујорк низ очите на еден таксист (фото)
Да се вози такси низ Њујорк, дава единствен поглед на животот по улиците на 8 милионскиот град.
Само што седнал зад воланот, Дејвид Бредфорд знаел дека од неговите глетки може да произлезат фасцинантни фотографии.
Да се биде такси возач, значи да се има седиште во првиот ред од случувањата низ Њујорк.
Бредфорд бил таксист во последните 20 години, но неговата кариера не се состои само во тоа. Всушност, тој е уметник од училиштето за дизајн и илустрација во Rhode Island.
Имал посебна вештина да црта без да гледа. Тоа му бил одличен тренинг за фотографирање од автомобилот, каде што нема многу време за да ја планира сценографијата и кадарот.
По завршувањето на колеџот, Бредфорд станал уметнички директор за Saks Fifth Avenue. По 10 години поминати таму, одлучил дека сака да почне да создава своја уметност.
Но, за да може да си ги плати сметките во секојдневниот живот, морал да почне да вози такси уште во 1990 година.
На почетокот фотографирал предмети кои подоцна можеле да му послужат како модели за цртање.
По неколку години, почнал постојано да фотографира додека вози со таксито низ улиците на Њујорк.
За тоа што ќе фотографира во одреден момент имал некој посебен инстинкт со кој ги одбирал најинтересните сцени, појави, моменти и случувања.
Особено истакнува дека посебен ефект за одлични фотографии прават снегот и дождот во Њујорк.
„Има многу повеќе драма кога се во игра чадорите и згрчените лица или развеаните и мокри коси на луѓето“ – објаснува Бредфорд.
Кога влегувале патниците во неговото такси тој прво им се претставувал и им кажувал дека тој го фотографира градот додека вози.
Има испечатено по две копии од неговите фотографии, како портфолио за патниците кои се заинтересирани за неговото хоби и неговата секојдневна приказна.
Тој, исто така, има издадено и две книги за фотографирањето од неговото такси возило.
Првата книга „Drive by shootings“ во која се опфатени фотографиите низ прозорците и шофершајбната, веќе е распродадена.
Во втората книга „Back seat book“ се наоѓаат фотографии со неговите патници на задното седиште. Најчесто се трудел да ги фотографира кога не го забележуваат, за да успее да фати спонтани кадри.
Возејќи со своето такси тој го има фотографирано и моментот на рушењето на кулите близначки во Њујорк.
Пред неколку години се пензионирал од такси возењето, за кое тој вели дека е една од најстресните професии во светот.
Еден тркач со спортски автомобили му признал дека возењето такси низ Њујорк е најдобриот тренинг за да се стане тркач со спортски автомобил.
Бредфорд сè уште понекогаш сонува како вози такси, но своето време сега го исполнува единствено со фотографирање, но без автомобил.
Погледнете како изгледа Њујорк низ очите на овој такси возач: