Каде да отпатувате на чаша евтино пиво и порција сочно мезе?

Ако сте страстен пивопиец, љубител на новите вкусови и имате желба да ги испробувате по поволна цена, ова се 5те земји во кои треба да отпатувате уште денес.

top-5-drzavi-so-najevtino-pivo-vo-svetot-01

Етиопија

Просечна цена на пивото е 0.68 евра

Што добивате: Пиво кое е се попопуларно во Етиопија е познатото St. George Beer, по кое следи Bedele pale lager.

Препорачано мезе: Пивото одлично оди со Етиопската кујна. На пример, пилешкиот гулаш или печените јајца се најчест избор кој се комбинира со пивото.


Филипини

Просечна цена на пивото е 0.65 евра

Што добивате: На Филипините доминираат 2 познати пива, а тоа се San Miguel и Asia Brewery, а покрај нив многу лесно можете да дојдете и до Red Horse пивото кое чини 0.37 евра по шише.

Препорачано мезе: Филипинците своето пиво го пијат во комбинација со печено свинско месо зачинето со анасон и лимонова трева.

top-5-drzavi-so-najevtino-pivo-vo-svetot-02

Украина

Просечна цена на пивото е 0.65 евра

Што добивате: Не само што украинските пива се евтини, туку се вбројуваат помеѓу едни од најквалитетните. Пивата кои задолжително треба да ги пробате во Украина се Lvivske, Cherningivske и Obolon.

Препорачано мезе: Украинците своето пиво го сакаат во комбинација со домашни колбаси и супа-гулаш полна со цвекло.


Камбоџа

Просечна цена на пивото е 0.64 евра

Што ќе добиете: Иако можете да пронајдете пиво од само 0.30 евра по шише, подобро би било да ги испробате пивата како што се Angkor, Anchor, Tiger или Khmer Brewery's Cambodia.

Препорачано мезе: Чинија црвени шумски мравки. Сериозно, во Камбоџа традиционално се сервираат мравки кои се подготвуваат со говедско месо, лимонова трева и босилек. Ако сте доволно храбри...


Виетнам

Просечна цена на пивото е 0.56 евра

Што ќе добиете: Пивото во Виетнам е најевтино, но неверојатно вкусно. Ако сакате флаширано пиво, задолжително пробајте го Bia Ha Noi.

Препорачано мезе: Нарачајте традиционално подготвен сом во земјен сад. Нема да погрешите!

top-5-drzavi-so-najevtino-pivo-vo-svetot-03

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg