10 места кои мора да ги видите пред да исчезнат
Знаете ли дека некои од најубавите места на светот полека исчезнуваат? Според објаснувањата на научниците, климатските промени влијаат и на сензационалните прекрасни места низ светот, како Велигденските острови или Таџ Махал.
Ова се десет места на кои им се заканува опасност да се изменат или да исчезнат.
Велигденските острови
Познат по „моаи“ скулптурите во човечки облик во последно време е загрозен поради премногу градење, премногу луѓе и лошото однесување. Сето тоа го загрозува ова сензационално место.
Антартик
Оваа природна убавина е загрозена заради топењето на мразот и снегот. Иако се работи за долготраен процес, промените се донекаде видливи.
Мачу Пикчу
Сите сакаат да го видат ова место и токму во тоа е проблемот. Премногу туристи, но и потребната инфраструктура, полека, но сигурно го уништуваат ова величенствено дело кое е наследено од далечното минато.
Килиманџаро
Ретко кое место привлекува толку внимание како Килиманџаро. Највисокиот врв во Африка го загрозуваат климатските промени и топењето на снегот. Иако тоа нема да се случи така брзо, доволно е тажно што воопшто постои таквата можност.
Големиот корален гребен
Австралискиот Голем корален гребен е една од најубавите нуркачки дестинации, но го загрозува порастот на температурите на океанот, загадувањето на водата и риболовот. Промените, за жал, се веќе видливи.
Кулебра
Овој остров на источниот брег на Порторико е рај на Земјата и не е чудно што привлекува премногу туристи. Но, заедно со туристите доаѓаат и потребите за нивно сместување, па новите градби не престануваат и токму тоа го загрозува островот Кулебра.
Мртво море
Претераното искористување на реката Јордан, главната притока на Мртвото Море, трае веќе десетина година и тоа довело до намалување на нивото на водата во морето за речиси еден метар годишно. Не се знае дали ќе може тоа да се запре.
Таџ Махал
Овој најпознат мавзолеј на светот е омилена дестинација на многумина. Но, масовниот туризам и околното загадување, како и непрофесионалната репутација може да го оштетат преубавиот Таџ Махал.
Венеција
Иако водените канали придонесуваат за романтична атмосфера во Венеција, сепак водата го загрозува ова романтично место. Венеција веќе со години тоне.
Тибет
За загрозеноста на Тибет е одговорна политиката, односно кинеската окупација. Кинезите ја загрозуваат тибетската традиција и култура, а со тоа неповратно уништуваат некои убавини.