10 типови луѓе кои ќе ги сретнете во хостел

Кога некои луѓе патуваат, нивното сместување вклучува шампањ, спа центри, луксузно опремени соби и големи топли базени. Ако ова не е вашиот тип на патување, сигурни сме дека ја одбирате сосема спротивната варијанта - престој во хостел.

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-01

И на крај завршувате со милион познанства, кои секогаш се сведуваат една иста поделба.

Еве што секогаш сретнувате кога престојувате во евтин хостел:

Дечкото кој постојано свири на гитара

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-02

Лични карактеристики: Музиката е постојано проследена со чудни гримаси; Презадоволен е со самиот себе.

Должина на патувањето: 10 недели.

Тој постојано ја држи гитарата до себе. Не ја пушта ниту во авионот, ниту во автобусот, ниту пак на патот кон хостелот. Во текот на патувањето постојано си свирка нежни и тивки мелодии.

38 годишниот маж кој сè уште си мисли дека има 24

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-03

Лични карактеристики: Главен е на журки; Се буди вечно мамурен.

Должина на патувањето: 2 недели

Постојат три вида на мажи во хостелите:

1. Дечки (од 19-32 години)

2. Мажи (33-70)

3. И 38 годишниот маж кој сака да се претвора дека сè уште е дечко

Секој хостел има барем по еден ваков, кој е престар за да биде на најдобрите журки во градот. Тој знае колку години има, но сепак бројката не му се совпаѓа со она што тој си го има зацртано.

Оние кои постојано се возбудени и се однесуваат како на првиот училишен ден

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-04

Лични карактеристики: Гласни; Возбудени; Сакаат да објаснуваат и да споделуваат многу искуства.

Должина на патувањето: 8 дена.

Ќе ги забележите штом ќе ги видите. Тие се млади, отворени за комуникација и веројатно ќе ја прошетаат целата област во која престојувате, само за да ги откријат сите можни места, за подоцна да ги раскажуваат.

Дечкото кој има само 2 парчиња облека

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-05

Лични карактеристики: Секогаш пријателски расположен, во постојано движење.

Должина на патувањето: 6 месеци.

Аматерите туристи пакуваат премногу, а искусните туристи се пакуваат по мерка. И тогаш ќе го забележите овој дечко кој со себе носи само 2 парчиња облека и не се грижи за својот изглед. И како за инат, ќе биде сместен веднаш до вашата соба.

Луѓето кои ќе ве направат да се чувствувате осамено, само затоа што не сте дел од нивната група

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-06

Лични карактеристики: Постојано насмеани; Секогаш имаат што да раскажат; Никогаш не ве канат, а постојано излегуваат.

Должина на патувањето: 5 недели.

Ќе ги препознаете по нивната смисла за хумор и енергичноста, додека уживаат по цела ноќ во заедничките планови. Кога и да си легнете во креветот, сами и тивки, секогаш ги слушате нивните гласови како одекнуваат од некое ќоше низ хостелот.

Уште 5 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg