10 најлесни начини да навредиш некого во неговата земја
Секоја земја има свои навики водени од нивната култура и традиција. Во некои случаи тие можат да бидат многу различни од вашите. Ако од која било чудна причина чувствувате потреба да навредите некој домаќин, тогаш сè што треба да направите е да ги следите овие „совети“:
Палците нагоре
Ако се најдете во Иран или која било арапска земја, и сакате да истакнете нешто важно со кревање на палците нагоре, големи се шансите дека некој ќе се налути многу. Оваа гестикулација е еднаква со покажувањето среден прст некому.
Бизнис картички
Ако Јапонец ви даде бизнис картичка и вие веднаш ја ставите во вашиот паричник, тогаш одлично сте го навредиле. Во Јапонија, бизнис картичките ги чуваат со особено внимание и грижа.
Давање комплименти
Ако на вашиот домаќин во некоја арапска или земја од Северна Африка му кажете комплимент, на пример дека ви се допаѓа неговиот кревет, тој веднаш ќе чувствува обврска дека треба да ви го даде како подарок.
Пиење
Додека пиете алкохол во Јапонија, особено е навредливо, невкусно и егоцентрично доколку сами си ја полните чашата со алкохол. Кога вашата чаша е празна, вие најпрво треба да им ги наполните чашите на останатите, најчесто на личноста што седи до вас.
Точно на време
Ако имате закажана вечера во Аргентина, доколку се појавите точно на време е особено навредливо. Тоа би покажало порака дека сте себична и егоцентрична личност. Најдобро би било да се појавите еден час подоцна.
Џвакање
Во западната цивилизација, гласното џвакање додека се јаде е особено непријатно. Но, ако во Јапонија не го правите токму тоа, тогаш ќе значи дека не ви се допаѓа храната.
Смеење
Во Кореа, ако му се насмеете на некој што не го познавате, тоа значи дека мислите дека е глупав.
ОК
Гестикулацијата за ОК со раце во Бразил или Турција се смета за особено навредлива, бидејќи го асоцира женскиот задник.
Да повикуваш некого со прст
На Филипините, ако повикуваш некој со својот показалец, тоа е исто како да го нарекуваш куче. Не само што се смета за голема навреда, туку може да бидете и уапсени за тоа.