Светски дестинации со магичен поглед кон зајдисонцe

Понекогаш само набљудувањето на зајдисонцето може да биде прекрасно искуство, но кога сте опкружени со важни личности и се наоѓате на некое посебно место, тогаш сликата е сосема поинаква.

svetski-destinacii-so-magicen-pogled-kon-zajdisonce-01

Ако некогаш размислувате за вакво романтично уживање, ова се светските дестинации во чие зајдисонце мора да уживате...

Aci Trezza, Катанија, Италија - Во ова прекрасно село во Сицилија постојат три високи, заоблени острови наречени Острови на киклопите и токму погледот кон нив е местото каде што Медитиранот сјае под златестите зраци на зајдисонцето.

svetski-destinacii-so-magicen-pogled-kon-zajdisonce-02


U Bein Bridge, Мандалеј, Мјанмар
- Ова место важи за едно од најфотографираните токму кога сонцето заоѓа. Најдолгиот мост во светот е местото каде што многумина одбираат да уживаат во сонцето кое избледува над езерото.

svetski-destinacii-so-magicen-pogled-kon-zajdisonce-03


Oia, Санторини, Грција
- Oia е добро познато гратче кое се наоѓа на врв на планина и е преполно со бело-сини градби и луксузни ресорти. Близината на Егејското море нуди совршени пејзажи за време на зајдисонцето. На крајот на денот сè што ќе видите е толпа од туристи кои брзаат кон најблиското кафуле да уживаат во неповторливото зајдисонце.

svetski-destinacii-so-magicen-pogled-kon-zajdisonce-04


Grand Canyon, Аризона
- Секоја година илјадници луѓе ја посетуваат оваа грандиозна природна убавина создадена од Колорадо реката, само за да се восхитуваат на портокаловиот свод на небото предизвикан од сончевите зраци.

svetski-destinacii-so-magicen-pogled-kon-zajdisonce-05


Phnom Bakheng, Анкор, Камбоџа
- Ова е светски познато културно наследство и популарно место на кое може да се гледа едно незаборавно зајдисонце за љубителите на древните градби и историјата. На врвот од ридот има стар храм наречен Hindu, а од таму има неверојатен поглед кон хоризонтот зад кој исчезнува сонцето.

svetski-destinacii-so-magicen-pogled-kon-zajdisonce-06


Мауи, Хаваи
- Заштитениот Makena парк на Хаваи е местото за вистинските љубители на зајдисонцето. Белата песочна плажа и тиркизните бранови се совршена комбинација со сончевите зраци кои избледуваат. Тогаш знаете дека сте во рајот на земјата.

svetski-destinacii-so-magicen-pogled-kon-zajdisonce-07


Дубаи, Обединети Арапски Емирати
- Високите градби во Дубаи и околните пустини нудат одлични места за незаборавно зајдисонце. По должината на Арапскиот Залив дефинитивно ќе уживаат и љубителите на песочните плажи кои ќе се решат за дочек на зајдисонцето на 1000 метри долгата Jumeirah плажа.

svetski-destinacii-so-magicen-pogled-kon-zajdisonce-08


Guanshan, Кентинг, Тајван
- Оваа планина се смета за најголема атракција во јужниот дел на Тајван. Таа нуди прекрасен поглед кон Hengchun Peninsul - местото кое се смета за природен рај богат со природни топли извори и шуми, надополнет со спектакуларно зајдисонце.

svetski-destinacii-so-magicen-pogled-kon-zajdisonce-09

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg