Патувањето е најголемо богатство

Ако ви треба многу време или пари за да го спакувате куферот и да отпатувате некаде, следниот пат добро размислете.

patuvanjeto-e-najgolemo-bogatstvo-01

Пресметајте колку трошите, а колку добивате за возврат, или едноставно следете ги овие мудри мисли кои ќе ве натераат да ја посетите вашата „недостижна“ дестинација.

1. Животот не e вистински вреден ако не ја видиш убавината на целата наша планета – Ханс Кристијан Андерсен

2. Неодамнешните студии покажаа дека парите потрошени на патување има двојно поголеми шанси да ве усреќат, отколку парите потрошени на материјални добра.

3. Некогаш ќе ја заборавите вредноста на вашиот смартфон, но никогаш нема да заборавите кога за прв пат зачекоривте по најпознатата светска плажа, кога за прв пат нурнавте во океанот, за прв пат кога сами отпатувавте некаде далеку...

4. Должината на патувањето никогаш не е пресудна за вашата среќа. Често пати продолжениот викенд е сè што ви треба!

5. Студиите покажаа дека лицата кои почесто патуваат полесно се справуваат со секојдневните ситуации во кои треба да се снајдат со добра комуникација.

6. Паровите кои често пати патуваат заедно имаат поголемо ниво на блискост и интимност.

7. Патувањата може да ја променат историјата. Дарвин бил инспириран од патувањето на Галапагос, Че Гевара се пронашол себеси во Јужна Америка, а Колумбо се загубил некаде во светот па ја пронашол Америка.

8. Најголемиот трошок кој го имате за време на патувањето ви е превозот. Затоа следен пат запомнете дека масажа во Бали е 6 долари, отмена вечера во Кореја чини 10 долари, а додека ја посетувате Англија за 150 долари од ноќ можете да преспиете во вистински средовековен замок.

9. Патувањето ве прави попаметни! Оние кои почесто патуваат подобро се справуваат со животните проблеми.

Сега ви остана само уште да се спакувате.

Веќе ја одредивте дестинацијата во глава, зар не?

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg