Како да ги избегнете мачнините за време на патување?
Ако мачнините ви се најголемиот проблем кога треба да тргнете на пат, обидете се на неколку едноставни начини да ги ублажите. Можеби нема да исчезнат целосно, но секогаш избирајте природен пат, а не апчиња против мачнини.
Ова се неколку трикови кои моментално може да ви го олеснат гадењето:
- Пред да тргнете на пат, држете го автомобилот под сенка и проветрувајте го
- Пред возењето избегнувајте силно зачинета и тешка храна
- Додека се возите, задолжително отворете ги прозорците барем малку или пуштете ја климата
- Секогаш седете на предното седиште или пак ако возите, секогаш гледајте пред себе и никогаш не се вртете позади
- Не читајте
- Не пушете во автомобилот
- Не користете јаки парфеми, нема потреба од нив
- Обидете се да ги насочите мислите на нешто сосема трето, а не на мачнините
- Доколку патувате со авион обидете се да најдете карта за место над крилата
- Доколку сте на брод секогаш бидете позади бидејќи таму најмалку се ниша
- Доколку патувате со воз секогаш бирајте седиште кое се наоѓа во правецот на возење
- Правете мали паузи, но почесто
- Секогаш гледајте во далечината