Сицилија - Островот каде се сретнуваат три континенти
Сицилија е најголемиот остров на Средоземното море, и е одвоен од Италијанскиот Полуостров со Месинскиот Теснец. Овој остров е седиште на најголемиот вулкан во Европа, Етна како и на 400 изгасени и неколку активни кратери.
Првото нешто што доаѓа на памет кога се зборува за Сицилија е мафијата, но таа има многу повеќе што да понуди, почнувајќи од нејзината богата историја, храната, и се разбира прекрасните плажи. Луѓето се горди и весели, и затоа таа е позната како земјата на врела крв.
Многу пати во минатото биле под различна власт, Византиска, Шпанска, Османлиска итн. Неколку месеци во далечната 1848 година биле дури и независна држава, а во1946 станала автономен регион во Италија.
Релјефно таа наликува на триаголник и затоа е препознатлива и по името Тринакрија, што потекнува од грчките зборови treis-три и akra-испакнато копно.
Тука многу работи се вртат околу бројот три, три вери и култури, три мориња, три ʽрта... Сицилијанскиот јазик е комбинација на три јазици - италијански, арапски и шпански, и основни производи се виното, житото и цвеќињата.
Овој остров го земал најдоброто од трите континенти, и еден краток престој таму сигурно ќе ве увери во ова.
Опојниот мирис на Медитеранот и маслинките, музика која ве раздвижува, храна и вино кои ги будат сите сетила, се само дел од сицилијанското искуство.
Палермо, Катанија и Сиракуза се главните туристички центри кои годишно привлекуваат милиони туристи. Бројните хотели и дискотеки во овие места ги задоволуваат сите старосни групи.
Таормина е најпознатото и најлуксузното место во Сицилија кое со едната страна е свртена спрема Јонското море, а од другата кон вулканот Етна. Ова место е идеално за туристите со поспецифичен вкус и подлабок џеб.
Летојани е сега веќе познато туристичко место кое порано бил рибарско село. Овде може да уживате во долгата песочна плажа и бројните ресторанчиња.
Сè на сè - Сицилија е дестинација која навистина вреди да се посети!