Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најпознатите шопинг улици во светот

Најпознатите и најскапите шопинг улици во светот се преполни со луксузни парчиња облека и популарни модни марки кои се подготвени да платат многу пари, само за да се најдат на една од овие престижни популарни модни улици.

najpoznatite-soping-ulici-vo-svetot-01

На самиот врв се наоѓаат:

Петта авенија, Њујорк

Цената за изнајмување на еден метар квадратен од овие продавници изнесува околу 13.000 евра на годишно ниво, со што Петата авенија е уверливо најскапата шопинг улица во светот. Најпопуларниот дел се наоѓа помеѓу 34. И 59. улица, а покрај неверојатно гламурозните продавници вниманието го одвлекува највисоката Empire State Building" исто како и"Rockefeller Center".

najpoznatite-soping-ulici-vo-svetot-1


Causeway Bay, Хонг Конг

На кинески, Tung Lo Wan е втората најскапа улица и за изнајмување на продавница на неа ќе треба да платите само неколку стотки евра помалку, за разлика од Петата авенија. Пред многу години ова место било опкружено со вода и претставувало само малечка обала, но со тек на времето и со масовната урбанизација оваа улица сега важи за една од најлуксузните.

najpoznatite-soping-ulici-vo-svetot-2


Avenue des Champs Elysées, Париз

Годишниот наем на една од продавниците на оваа улица изнесува околу 7.300 евра. Оваа улица во Париз, освен по модата и шопингот, доста позната е и по културолошкото значење. Големо внимание привлекуваат продавниците на Луи Витон и Арт Деко, исто како и многубројните кафетерии и ресторани.

najpoznatite-soping-ulici-vo-svetot-3


Via Montenapoleone, Милано

Годишниот наем на продавница во Милано која се наоѓа на оваа улица изнесува околу 6.500 евра. На Via Montenapoleone се наоѓаат луксузните Армани, Версаче, Мошино и многу други чии цени се неверојатно високи, меѓутоа вреди да ги погледнете барем од надвор.

najpoznatite-soping-ulici-vo-svetot-4


Ginza, Токио

Исто како и во Милано, на оваа улица во Токио се наоѓаат Луи Витон, Гучи, Шанел и многу други луксузни брендови. Ginza за време на викендот е преполна, а посебно е привлечна за туристите во вечерните часови кога се палат неонските светла и светлосните реклами.

najpoznatite-soping-ulici-vo-svetot-5

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите Ѓобекли Тепе е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се ...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg