Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Магијата на Бали

Бали – боженствен остров, сместен помеѓу островите Јава на запад и Ломбока на исток е туристичка дестинација која мора да се посети. Познат е по добриот одмор, луксузот и одличните комплекси на вили и хотели, а го нарекуваат уште и остров на боговите и храмовите. Звучи привлечно, нели?

magijata-na-bali-1

На овој прекрасен остров сместен е комплекс на вили под името „Alila Villas Soori“ – ексклузивитет со пет звездички. Рај за очи и душа.

Комплексот е сместен по должината на југозападниот брег на Бали, недалеку од познатиот остров - храмот на Тахан Лот. Овој магичен комплекс се состои од 48 архитектонски совршени вили секоја со посебен базен.

Неодоливиот поглед на Индискиот океан, преубавите песочни плажи, зелените оризови полиња – „Alila Villas Soori“ ви нуди модерен и луксузен одмор со целосна приватност и мир.

Овој туристички комплекс, опкружен со егзотика, мирисно цвеќе и азурно сино море, е идеален за венчавки и незаборавни моменти во вашиот живот.

Доколку сте за хедонизам во секоја смисла на зборот, тогаш ова е правото место за вас. Овде ќе уживате и ќе им се препуштите на вашите сетила.

Ова е секако дестинација која треба да се посети, затоа само ќе пробаме преку фотографии да ви доловиме делчиња од убавината на овој рај.

magijata-na-bali-2

magijata-na-bali-3

magijata-na-bali-4

magijata-na-bali-5

magijata-na-bali-6

magijata-na-bali-7

magijata-na-bali-8

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg