Коста Конкордија стана туристичка атракција
Седум месеци по заринкувањето на туристички крстосувач „Коста Конкордија“ во која животите ги загубија 32 лица, остатокот од бродот сега служи како туристичка атракција за која секојдневно доаѓаат илјадници луѓе.
На 13ти јануари, крузерот потона (до пола) откако се судри со околна карпа во Тиренското Море. Ова предизвика дупка на страната од трупот при што речиси моментално се потопија одделите со моторот, поради што бродот изгуби погон.
Потоа бродот беше одвлечкан на островот Гиглио, 500 метри северно од селото Гиглиот Порто, за денес да служи како туристичка атракција од сите локални места, каде што една карта од посетител изнесува 10 евра.
А, за иронијата да биде поголема, локалните капетани велат дека секој ден има сè повеќе луѓе.