Санта Роса - идеален одмор во Италија
Преубавиот брег на Амалфа, на југот на Италија, во себе крие безброј таинствени местенца. Некои од нив ја будат фантазијата, додека други изобилуваат со мир и тишина. Манастирот Санта Роса успева да биде истовремено и инспирација и извор на спокојство.
Сопственичката, Бјанка, е во соработка со локален наполитански дизајнер, со кој создале елегантен амбиент полн со италијански антиквитети. Таа, за време на соите патувања низ Италија, бирала единствени парчиња достојни за манастирот. Сепак, најголемо богатство на ова место се видиковците. Погледот на прекрасниот брег и залив Салерно, како и терасите со поглед на море.
Патниците кои сакаат мир можат да уживаат во библиотеката или покрај базенот со чаша ладен зелен чај. Авантуристите може да уживаат на сончевата тераса или во тајната градина. Се е подредено со намена опуштање и собирање енергија. Идеален одмор од секојдневната гужва.