Ќе одите на Европското првенство во фудбал?
Ако имате среќа да присуствувате барем на некои од натпреварите од Европското првенство во фудбал кое ќе се одржува во Полска и Украина, постојат...
...некои ситници кои треба да ги знаете кога патувате во овие две земји.
Украина
Незамисливо е да отпатувате во Украина и да се вратите без Pysanky, украсено и исцртано јајце, како и без матриошка, дрвени фигури кои влегуваат една во друга од најмала до најголема.
Препознатливи за Украина се и марамите, рачно насликани со цветови, а за нив и сите останати предмети од народната носија задолжително ценкајте се за цената.
Од храна, специјалитети се Бортш, Хубивка, Паска и Бабка, а домаќините се горди на својата вотка. Да се пронајде типична украинска кујна е тешко затоа што во рестораните во главно се нуди европска и светска кујна. Украинците многу си го почитуваат и фолклорот.
Последната недела од мај се слават денови на Киев, односно се слави пролетта.
Полска
Националната химна на Полска е позната како Pieśń Legionów Polskich we Włoszech. Склопена е во 1797 година, а авторот бил поручник на полската војска – Јозеф Вибички. Полска има наједноставно знаме во Европа кое е и единствено што не се променило ниту за време на владеењето на комунизмот.
Во Полска ќе треба да пробате купусниак, барсзцз и зурек, а ќе може да се засладите со типичните десерти маковец, серник и пиерник. Пивото и вотка нема да ви недостасува, а познати се и пијалаците направени од мешавина од домашен мед и пиво.
Речиси половина од светската популација на штркови на светот, се раѓаат во Полска, а за да стигнат патуваат и до 8.000 километри.
Има доста Италијани во Полска, а новата Fiat Panda се произведува исклучиво тука.
Полјаците можат да се пофалат со една од најстарите јавни библиотеки во историјата, изградена 1747 година.