Страшни земји што треба да се посетат

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-povekjeПолека почнуваме да ги планираме летните одмори, а веќе со години на памет ги знаеме понудите на туристичките агенции. Ако имате желба за...


...поинакво летување можеби вашата идеална дестинација е дел од листата понудена од Ask Men.

Етиопија, Куба, Пакистан, Иран и Индонезија имаат со што да ги воодушеват туристите, особено вечните авантуристи кои не веруваат во сѐ што ќе слушнат на вести.

10. Етиопија

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-1

Етиопија е позната по глад и сиромаштија, па сигурно не сте во големо искушение да уплатите одмор таму.

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-2

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-3

Но, треба и да знаете дека ситуацијата е подобрена, дека таму ќе видите неверојатни историски знаменитости како православните цркви издлабени во карпи во Лалибела, дека оваа држава има 13 импресивни национални паркови, дека во главниот град Адис Абеба се наоѓа еден од најлуксузните хотели во Африка, Шератон Адис и дека националната кујна всушност изобилува со вкусни и интересни јадења.


9. Куба

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-4

Македонците немаат проблем со Куба, ама Американците ја доживуваат како Баба Рога па затоа е сместена меѓу непопуларните дестинации. Но, зарем кај нас некој се плаши од белите песочни плажи, добриот рум, прекрасната музика, живописните населби, славните пури, прочуените забави и олдтајмерите?

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-5

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-6


8. Пакистан

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-7

Ирак, Иран, Пакистан, Авганистан... Држави од кои се плашиме. Од AskMen велат дека како турист шансите да се соочите со глупостите што завршуваат на вести се многу мали. А пак, многу големи се шансите да уживате во природните убавини како највисоките планини на светот (дури 5 од највисоките 14 врва се тука), прекрасни села, реки и пештери.

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-8

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-9


7. Иран

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-10

Ако престанете да мислите на лудите политичари и нуклеарките, ќе запознаете нормални, фини луѓе како и на кое било друго место. Би можеле да го посетите Музејот на современа уметност во Техеран каде ќе видите дела од Пикасо, Ван Гог, Полок, Моне, Кандински, Миро, Ворхол... Би можеле и да прошетате по плоштадот Naqsh-e Jahan, важна историска локација под заштита на УНЕСКО. А би можеле и да стекнете нови пријатели затоа што, како и кај нас, и во Иран луѓето се гостопримливи и неверојатно љубезни кон странците.

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-11


6. Индонезија

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-12

Ако ве теши фактот што природните катастрофи како вулкански ерупции, цунами и земјотреси се ретки, треба да го посетите најголемиот архипелаг на планетата. Затоа што не само што ќе ги видите најголемиот цвет на светот и најголемиот гуштер на светот, туку ќе видите и орангутани, корални гребени, прекрасни плажи... Едноставно ќе доживеете неповторлив раскош на природни убавини, а нема да ви недостига ниту бурен ноќен живот. На Бали нема што нема :)

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-13

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-14

strasni-zemji-sto-treba-da-se-posetat-15

Продолжува...

Би можело да ве интересира:

Спомен соба на Петре М. Андреевски, Валајца – Зошто вреди да се посети демирхисарското село Слоештиц... „За да бидат јамболиите цут бели, треба да се однесат на Валајца“ – велеа домаќи...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Летачка санка со Дедо Мраз, елка со желби: Божиќен базар во Швајцарија е еден од најубавите во Европ... На божиќниот базар во Монтро можете да ја видите санката на Дедо Мраз која преле...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
4 острови во Грција кои вреди да се посетат во септември Ако сè уште не сте го поминале летниот одмор и размислувате да го реализирате во...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg