8 најубави патувања со воз низ планини - глетки од кои застанува здивот
Glacier Express во Швајцарија патува по планински премини и притоа поминува преку 291 мост и низ 91 тунел.
Некои патувања со воз ќе ве одведат низ спектакуларни планински предели и ќе ви понудат неверојатно искуство.
Незаборавни пејзажи, височини, ливади, шуми, водопади - овие уникатни глетки кои не можете да ги доживеете секаде.
Ако некогаш имате можност, тогаш дефинитивно вреди да ги искусите овие патувања со воз:
Rocky Mountaineer, Канада
Оваа компанија нуди патување со воз на 4 различни рути.
А секоја од нив ветува неверојатна глетка на планинските пејзажи на Канада, дополнета со многу инженерски чуда - од вртоглави мостови до тунели кои ѝ пркосат на логиката.
La Trochita, Аргентина
Овој антички парен воз мора да застанува во редовни интервали за да може да стигне од почетната до крајната дестинација, особено кога дуваат силни ветрови низ пределите во кои се движи.
Не е луксузен, но нуди неверојатни погледи и незаборавни авантури.
Serra Verde Express, Бразил
Ова е едно од најспектакуларните патувања со воз кое може да го доживеете во Бразил.
Овој воз минува низ драматични планински премини, покриени со тропски дождовни шуми.
Уште еден плус е што нуди неверојатно доживување - фасцинантен поглед низ минатото, додека се движи низ малите станици кои датираат од доцните 1800-ти години.
Glacier Express, Швајцарија
Овој воз патува по планински премини и притоа поминува преку 291 мост и низ 91 тунел.
Најбавниот воз на планетата намерно се движи со брзина на полжав, за тие што се возат подобро да се видат ливадите, шумите, водопадите и планините во Швајцарија.