9 потценети туристички дестинации кои ќе бидат популарни во 2024-та
Финска и Словенија се омилени дестинации за 2024 во Европа, а во Африка тоа е Танзанија. Тие што сакаат да одат во САД, треба да ја посетат Северна Дакота, препорачува Џенифер Грин, која работи како планер на патувања.
Џенифер Грин, која ги планира патувањата на оние кои знаат, но и на оние кои немаат конкретна идеја каде би сакале да патуваат, откри кои се 9-те најпотценети туристички дестинации во светот, а кои според неа ќе бидат популарни во 2024-та.
„Моите клиенти најчесто бараат да одат на крстарење по Карибите или патување до некој познат тематски парк.
Но, освен светските дестинации кои сите сакаат да ги посетат, тука се секогаш и дестинациите за кои малкумина се решаваат, а сепак имаат да понудат многу“, вели Џенифер за Business Insider.
Кои се најпотценетите дестинации за следната година?
Белизе
Државата која се наоѓа во Централна Америка изобилува со бели песочни плажи, но и тропски џунгли.
Туристите можат да ги посетат и руините од времето на Маите или да имаат блиска средба со ретки птици и мајмуни.
Бордо, Франција
Бордо е домот на едни од најдобрите вина во светот.
И, нуди одлична винска тура, далеку од гужвите во Тоскана, позната како еден од најпопуларните вински региони во Европа.
Доколку го посетите Бордо, тргнете по Urban Wine Trail, област каде што има многу барови во кои можете да пробате различни исклучителни вина.
Танзанија
Една од најпопуларните дестинации за сафари во Африка е Кенија, но Танзанија зема сè поголем замав.
А, тука има за секого по нешто – планината Килиманџаро, одлични плажи и Националниот парк Серенгети.
Лаос
Лаос е дом на многу храмови, водопади и живописни селца.
Реката Меконг проаѓа низ прекрасната природа во земјата, а тука е и Луанг Прабанг, локалитет од светското наследство, каде што доминираат храмови со златни кровови.