Топ 5 најубави острови на светот
БиБиСи направи листа со избор на топ пет најубави острови на светот. Проверете дали се сложувате со нивниот избор, или пак можеби ќе додадете...
...некој ваш предлог...
Санторини
Помеѓу петте најубави се наоѓа грчкиот остров Санторини. Древниот остров претрпел една од најголемите ерупции во историјата. Дополнителна убавина на островот, оддалечен од копното 193km, му даваат белите куќички.
|
Бали
Меѓу топ пет најубави острови BBC го вброи и Бали. Еден од 17.500 острови во индонезискиот архипелаг, сместен во топлите води на Индискиот океан.
|
Кејп Бретон
Канадскиот Кејп Бретон е на оваа листа поради прекрасните сртови и шумски предели.
|
Боракеј
Меѓу најдобрите своето место го пронајде и не толку познатиот остров Боракеј на Филипини. До песочниот брег треба да се лета еден час од Manilа до Caticlan, потоа има уште десетина минути возење со траект. Им се исплати на оние кои сакаат приватност, затоа што островот во поголема мера е неоткриен.
|
Големиот корален гребен
Петти меѓу најубавите острови е австралискиот Голем корален гребен. Тоа подрачје има спектакуларни бои и богато е со живот, може да се пофали со дури 400 видови.
|