10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите
Селото Potamia
Во источниот дел на островот, на околу 10 километри од Лименас се наоѓа Potamia – село со 1.200 жители.
Изградено е на подножјето на планина и е опкружено со густа вегетација.
Од селото има и патека која води кон планината, до височина на 1.208 метри. Овде има и музеј за скулптури, како и две цркви.
Селото Panagia
Panagia е планинско село на 300 метри надморска височина и се наоѓа на околу осум километри од Лименас.
Низ селото има многу калдрми и задржало дел од традиционалната селска грчка архитектура.
На 15-ти август секоја година има и локална прослава каде што можете да видите дел од традициите на локалците.
Интересно е што селото е изградено бидејќи жителите морале да се евакуираат од брегот поради честите напади од пирати.
Ресторанот Thassian Doukas
Ресторанот се наоѓа во Лименас и е лоциран покрај морето со поглед кон пристаништето.
Овде можете да уживате во морска храна, традиционални грчки јадења, а има и опции за вегани и вегетаријанци.
Плажата La Scala
Сместена во близина на Лименас, оваа плажа е како мала оаза.
Има многу лежалки поставени на палуба, а дел од нив се на покриен простор.
Плажата е совршено место ако само сакате да се релаксирате и да не правите буквално ништо.
Плажата Notos
Notos е многу мала плажа на јужниот дел од островот, на 45 километри од Лименас.
Околу плажата има карпи, а водата е кристално чиста.
Погледнете и: 10 најубави плажи на Тасос
Спирова С. | Црнобело