11 работи што мора да ги видите во Египет (покрај пирамидите)
Музејот на Египет во Каиро
Сето богатство на фараонскиот свет ќе го најдете во Музејот на Египет во Каиро.
Овој огромен музеј не можете да го разгледате во само еден ден, но сè што ќе видите е вистинско богатство и дава увид во древната уметност и историја на Египет.
Сепак, најимпресивна е колекцијата на златни богатства пронајдени во гробницата на Тутанкамон во Долината на кралевите.
Белата пустина
Најубавото природно чудо во Египет е Националниот парк Бела пустина, кој се наоѓа јужно од оазата Бахарија.
Тука доминираат бели карпи со заоблен врв, кои делуваат како санти мраз да се заглавиле среде песок.
Александрија
Градот Александрија има неверојатна историја.
Основан е од Александар Велики, а познат е и градот кој бил дом на Клеопатра.
Денес, тука може да се видат само малку историски остатоци од неговото славно минато.
Еден од нив е долгиот крајбрежен пат Корниш кој води до тврдината на Александрија, а каде што некогаш се наоѓал познатиот антички светилник во градот.
Големо внимание привлекуваат и музеите на Александрија, но и модерната библиотека Александрина, која е современа интерпретација на познатата античка библиотека во градот.
Храмот на Озирис
Храмот на Озирис во Абидос е едно од најфасцинантните уметнички богатства на стариот Египет.
Храмот е составен од повеќе делови. Почнал да го гради Сети I и тука се во тек големи археолошките ископувања.
Иако посетителите може да видат разни остатоци од храмот, повеќето го посетуваат ова место поради Храмот на Озирис.
Големите сали, украсени со огромни столбови, се дом на некои од најдобрите релјефни дела во Египет – со различни сцени кои ги прикажуваат фараонот и боговите на стариот Египет.
Оазата Сива
Изолирана во западниот дел на Западната пустина, оазата Сива е место кое е вистинска спротивност на египетските градови полни со метеж, сообраќај и врева.
Оваа прекрасна мала оаза е опкружена со плантажи со урми и бројни природни извори на топла вода.
Тоа е и едно од најживописните места во Западната пустина.
Градот Сива се наоѓа под урнатините на огромна тврдина, позната како Тврдината Шали.
Тука се наоѓа и Храмот на пророштвата во кој се верува дека дошол и Александар Велики за да добие совет и да ја дознае иднината.
Манастирот Света Катерина
Еден од најстарите манастири во светот, Света Катерина, се наоѓа во подножјето на планината Синај.
Тоа е и местото каде што се верува дека Мојсеј ги примил Десетте заповеди.
Овој пустински манастир поседува неверојатна колекција на религиозна иконографија, уметност и ракописи.
За повеќето посетители, патувањето до Света Катерина вклучува и искачување по планината Синај, од каде што се гледа неверојатно изгрејсонце и зајдисонце.
А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos