9 митови за Париз во кои веруваме поради филмовите и сериите

Мит 5: Париз е многу безбеден

Како во секој голем град, и во Париз има проблем со кражби, а туристите неретко се мета на крадците.

Покрај тоа, патувањето во Париз со деца може да биде вистински предизвик.

Во градот има многу луѓе, повеќето улици се многу тесни за колички и, генерално, заборавете на релаксирано шетање ако сте со дете.

9-mitovi-za-pariz-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-i-seriite-06.jpg

Мит 6: Ајфеловата кула е најубавото место

Иако самата кула нема да ве остави рамнодушни, ова е далеку од најубавата локација во Париз.

Во зависност од сезоната, паркот во близина на кулата може да биде затворен, а и секогаш има премногу туристи.

9-mitovi-za-pariz-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-i-seriite-07.jpg

Мит 7: Французите се неучтиви луѓе

Од наша перспектива, можеби изгледа како Французите да се неучтиви луѓе.

Но, реалноста е дека тие само имаат многу поразлична култура.

Во Париз мора да ги земате предвид луѓето околу вас – ако го зафаќате целиот ескалатор, ако стоите среде пат или ако им пречите на другите на кој било начин, очекувајте да ви се развикаат.

9-mitovi-za-pariz-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-i-seriite-08.jpg

Мит 8: Париз е сончев град

Ова не е воопшто точно – Париз има многу непредвидливо време.

Доста често е облачно, а може да заврне силен дожд дури и кога изгледа дека денот ќе биде сончев.

Па, ако одите, задолжително носете чадор со вас, дури и ако прогнозата не предвидува дожд.

9-mitovi-za-pariz-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-i-seriite-09.jpg

Мит 9: Париз е најромантичниот град во светот

Иако е познат како Градот на љубовта, Париз дефинитивно не може да се нарече најромантичен град.

Како и секој голем град, и Париз ги има истите проблеми – многу туристи и локалци, многу сообраќај, крадци, некултурни луѓе, запуштени и опасни улици…

Покрај тоа, животот во Париз е многу скап, што го прави и многу стресен за луѓето кои не се богати.

9-mitovi-za-pariz-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-i-seriite-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg