9 митови за Париз во кои веруваме поради филмовите и сериите

Некои делови од Париз можеби мирисаат прекрасно од пекарите, но на многу места се чувствува непријатен мирис на канализација, особено во лето. Кои се другите митови за Париз во коишто веруваме поради филмовите?

9-mitovi-za-pariz-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-i-seriite-01.jpg

Париз е навистина прекрасен град и вреди да го посетите.

Но, пред да одите, мора да бидете реалистични во врска со очекувањата.

Париз воопшто не е градот што го гледаме на филмовите и, како и секој голем град, си има свои проблеми.

9 митови за Париз во кои не треба да верувате:

Мит 1: Градот мириса прекрасно од бројните пекари

Точно е дека во Париз има многу пекари и на некои места навистина се чувствува убавиот мирис од нив.

Но, од друга страна, многу делови од градот мирисаат на канализација, особено кога времето е топло.

Истовремено, како повеќето градови, и во Париз се чувствува мирис од издувните гасови на автомобилите.

9-mitovi-za-pariz-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-i-seriite-02.jpg

Мит 2: Париз е многу чист

Иако можеби центарот на градот е беспрекорно чист, во скоро сите останати делови од Париз има проблем со отпад.

Всушност, ова е едно од најголемите разочарувања на туристите кои првпат го посетуваат градот.

9-mitovi-za-pariz-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-i-seriite-03.jpg

Мит 3: Ќе одите на романтични прошетки

Париз е огромен град, со многу луѓе – и локалци и туристи – па тешко дека ќе уживате во романтични прошетки како во филмовите.

А, за да стигнете каде било, ќе мора да користите јавен превоз кој не е воопшто романтичен.

9-mitovi-za-pariz-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-i-seriite-04.jpg

Мит 4: Лесно се наоѓа убав стан

Ако сакате убав стан во Париз, ќе треба да платите мало богатство.

Кириите и недвижнините во Париз се едни од највисоките во Европа.

Па, за попристапна цена, не можете да очекувате голем, убаво уреден стан како во филмовите.

9-mitovi-za-pariz-vo-koi-veruvame-poradi-filmovite-i-seriite-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg