Топ 10 работи за Кинезите

top-10-raboti-za-kinezite-povekjeКако инспирација од наш претходен текст во врска со искуството од патувањето во Кина, една наша читатела која исто така ја посетила...


...оваа земја ни испрати листа од 10 работи кои треба да ги знаете за Кинезите:

1. Машките носат женски чанти (тоа значело дека и е верен на девојката, ама во поново време сè повеќе машки носат поради мода);

2. Вообичаено е луѓето да плукаат на улица (дури имавме ситуација и во Арт музејот во Шангај да видиме како плукаат);

top-10-raboti-za-kinezite-1фото: Дарјан Стојановски

3. Најнормално е доколку на улица сретнеш луѓе да шетаат по пижами (во Пекинг дури и во дискотеките има луѓе што одат по пижами);

4. Мода е да се носат наочари без стакла во сите бои (посебно во Шангај);

5. Во музеите, храмовите кај што пишува цени за влез има цена за деца кои се под 120cm и над 120cm (децата под 120cm без разлика на годините плаќаат една цена);

top-10-raboti-za-kinezite-2фото: Дарјан Стојановски

6. Најинтересно е тоа што во кафичите се служи топла вода, доколку побарате ладна можете погрешно да бидете сфатени а најмногу што ќе добиете ќе биде посебен бокал со лед;

7. Чипсовите им се благи (и пуканките исто);

8. Додека нарачуваш во ресторан келнерите цело време стојат до масата (дури и по половина час и повеќе ако треба), а исто така не се остава ни бакшиш;

top-10-raboti-za-kinezite-3фото: Сања Станковиќ

9. Кај нив воопшто не се почитуваат сообраќајните знаци и семафори, значи постои тотален сообраќаен хаос (може дури да видиш луѓе кои ја поминуваат улицата дијагонално иако е 5 пати поголема од нашите раскрсници, колите и автобусите ретко стојат на зелено светло);

10. И да забранети им се facebook, twitter, youtube ... доколку сакаат да ги користат мора да користат proxy и некои за тоа плаќаат претплата.

автор: Сања Станковиќ

Би можело да ве интересира:

Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
Спомен соба на Петре М. Андреевски, Валајца – Зошто вреди да се посети демирхисарското село Слоештиц... „За да бидат јамболиите цут бели, треба да се однесат на Валајца“ – велеа домаќи...
12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg