Хотел во Грција каде ќе посакате да се телепортирате – се служи домашно одгледана храна, личи како да сте во рајот (фото)
Соба со лебдечки кревет и поглед на море, перници за релаксирање покрај базен и палми, уникатна архитектура од локален камен и домашно одгледана храна – како изгледа хотелот на грчкиот остров Иос, кој го води семејство што се грижи за убавините на островот да не бидат уништени?
Одржливоста и еколошкиот пристап се во фокус на хотелот Calilo, кој е сместен на недопрениот грчки остров Иос, во сопственост на семејство кое се грижи за иднината на островот.
Тие имаат откупено поголема површина на земјиште покрај море, за свесно да остават 99% од неа неразвиена, со цел да не се уништи природната убавина за идните генерации.
Луксузниот ресорт се наоѓа покрај плажа, изграден е со помош на локални камења, а во него не се користи пластика за една употреба.
Засадени се многу дрвја, а поголем дел од храната доаѓа од нивната органска градина, каде произведуваат домати, модри патлиџани, тиквици и друго.
Архитектурата на хотелот изгледа навистина уникатно и оригинално, а уредувањето ќе направи да се чувствувате како да сте на некое рајско место.
Лебдечки кревети, огромни базени со удобни места за релаксирање покрај вода, необични скулптури, мозаици, бар со шанк од камен, палми и прекрасна плажа.
Престојот во овој рај дефинитивно е луксуз, па една ноќ чини од 40.000 денари па нагоре.