Ратајковски со голи гради, Криси Тајген со шлиц до колкови 2 месеца по породување – Гламурот на забавата по Оскари 2023 (фото)
Ева Лонгорија никогаш посекси, Хејли Бибер згодна без сопругот Џастин, а Криси Тајген ги украде сите погледи со разголено тело во топ форма 2 месеца по породувањето - Како изгледаа најзгодните супермодели, актери и други познати личности на најжешката забава по Оскарите, Vanity Fair?
По минатогодишниот скандал со шлаканицата, 95-тото издание на Оскари мина мирно, со неколку непријатни и смешни ситуации, со впечатливи парови кои се појавија на црвениот тепих, солзите на Траволта и Лејди Гага која издоминира на сцената.
Но, гламурот од Долби театарот, се префрли на Vanity Fair забавата по Оскарите, на која се појавија некои од најпопуларните супермодели и ѕвезди од светот на шоубизнисот.
Тие секогаш се инспирација за модни аутфити за претстојната сезона на матури и свадби.