Чорапи наместо модни крпчиња
Со големите осцилации на температурата, се случува термометарот наутро да покажува и минус. Време е потопло да се облечеме, но тоа не значи...
...дека од плакарот треба да се исфрлат здолништата и фустаните. Инвестирајте во нови чорапи.
Оваа есен и зима ќе се носи шарено, еднобојно, но и силни бои или откачени дезени. Наједноставно е со било која комбинација да облечете најлон хулахопки во силни бои.
Ако повеќе сакате шарени чорапи со цветен и апстрактен дезен, внимавајте. Во тој случај облеката треба да биде еднобојна.
За посериозни комбинации, односно деловни или свечени моменти исто така имате можност да ги избегнете досадните еднобојни чорапи со боја на кожата.
Мажите не морате да ги заведувате со подвезици затоа што во понудата има модели со нацртани самодржечки чорапи, а во нив нема ни да се смрзнувате.
И оваа сезона хеланките се хит. Не е важно дали се сјајни, мат, од чипка или имаат копчиња.
Од друга страна надколенките сами по себе се доволно откачени, па одберете такви што немаат шара или дречливи бои.
Доколенките носете ги преку хулахопки, а креаторите веќе неколку сезони ги комбинираат волнените модели со сандали, чевли и плитки чизми со штикла.
Со појавувањето на Кејт Мидлтон повторно почнаа да се носат и чорапи во боја на кожата кои веќе подолго време не беа во мода.
Ако овие модели ве потсетуваат на вашите баби и секогаш се сеќавате на портокаловите нијанси на она што требало да биде боја на кожата, тогаш не сте добро информирани. Многу брендови специјализирани за чорапи лансираа речиси невидливи најлонки.
Би можело да ве интересира:





