Моден двобој: Јелена Карлеуша ископира аутфит на Северина, но со еден многу посмел детаљ од неа
Јелена Карлеуша за свој настап одлучи да го облече истиот аутфит што Северина го носеше пред две седмици. На која од двете пејачки ѝ стои подобро?
Станува збор за џинс издание со проѕирни делови што е со потписот на модната куќа Mugler, и се продава по цена од 950 долари.
Северина овој аутфит го носеше за нејзиниот настап во Пореч, а Јелена Карлеуша во Пожаревац. Хрватската пејачка аутфитот го искомбинира со фризура во опавче, додека Јелена одлучи да ја носи долгата руса коса пуштена.
Единствената разлика е во тоа што Северина се одлучи за попристојна варијанта на фармерките со џебови на задникот, додека Карлеуша го избра посмелото издание со танга и огромни отсечоци на задникот.
Инаку, во една прилика Јелена призна дека Северина честопати ѝ е инспирација кога станува збор за стилот и модата.
„Северина е една од ретките жени што навистина знае да го носи она што навистина ѝ стои. Не носи само она што е тренд, туку трендот да го прилагоди на себеси и да изгледа како таа да го носи него, а не спротивно“ – рече во една прилика таа.
Што мислите на која од пејачките подобро ѝ стои истиот аутфит?
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело