Трикови за неодолив мирис
-->
На поголемиот број жени многу им е важен убавиот мирис – од таму потекнува и женската љубов кон парфемите. Но, ако мислите дека сте ја пронашле...
...мирисната нота која најмногу ви одговара – не е баш така! Секогаш може и подобро, секогаш постојат ситни трикови како тој убав мирис да се употреби и да мирисате уште поубаво.
Еве мали трикови во врска со убавиот мирис, кои е добро да се знаат.
-->
- Како што сигурно знаете, парфемот е правен така да реагира на кожата, а не на облеката. Покрај тоа, поголемиот број жени го прскаат парфемот врз облеката. Немојте! Покрај тоа што можете да направите флеки на облеката, вашиот убав парфем ќе има помалку ефект. Нанесете го на телото додека сте сè уште без облека.
- Мирисот може да се „гради“ слој по слој, така што на долниот веш ќе нанесете миризливо масло, или крема која ќе трае подолго. Потоа попрскајте се со лесна спреј верзија од истиот мирис. Така ќе добиете убава и лесна летна варијанта.
- Кога сме кај летото, сосема е возможно да мирисате убаво и на плажа. Сепак, немојте да употребувате парфеми, затоа што алкохолот од парфемот на сонцето може да направи проблеми со пигментацијата, па да изгледате малку чудно. Повеќето креми за сончање имаат пријатен мирис, но ако се потрудите, можете да најдете некои и без мирис. Намачкајте се и уживајте!
- Кога се работи за специјални вечерни прилики, можете да употребите светкав и миризлив гел или масло за тело – така вашата кожа ќе блеска и ќе мириса.
- Уште еден трик, пред употреба тој гел или масло држете го во фрижидер, така ќе добиете инстант освежување.
- Користите гел, масло или пена за коса? Искористете го тоа за да ви мириса косата поубаво! Гелот, маслото или пената помешајте ги со малку парфем пред да ги нанесете и секогаш кога ќе замавнете со главата ќе се емитува убавиот мирис.
Би можело да ве интересира:
8 застарени модели на накит и модни додатоци кои треба да ги замените со помодерни
Заборавете на ремени и чанти со огромни логоа и букви на брендови, старинскиот з...
8 модни детали кои додаваат години (и изгледате постаро од она што сте)
Чизми до под листот на ногата, хулахопки со сјај - некои парчиња облека додаваат...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година
Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...
Црвен џемпер: Kако да го комбинирате за време на празниците (и за секоја пригода)?
На празничен шопинг, на забава со пријателите или за вечерно излегување - како д...
Ќерки на светски ѕвезди кои ги облекоа фустаните на славните мајки и изгледаат подеднакво добро
Карис, ќерката на Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас, за прославата на својот 21 ро...
Омилените модни парчиња на Италијанките за топлите летни денови
Долги лелеави фустани и облека од лен – што носат Италијанките во лето за да им ...