Ќерки на светски ѕвезди кои ги облекоа фустаните на славните мајки и изгледаат подеднакво добро

Карис, ќерката на Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас, за прославата на својот 21 роденден го носеше розовиот сатенски фустан од Емануел Унгаро, во кој нејзината мајка блесна на MTV Movie Awards во 1999 година.

kjerki-na-svetski-dzvezdi-koi-gi-oblekoa-fustanite-na-slavnite-majki-i-izgledaat-podednakvo-dobro-01.jpg

Многу светски ѕвезди, кои со години важат за модни икони, имаат возрасни ќерки. А, ќерките понекогаш знаат да ѕирнат во плакарот на своите славни мајки и да облечат фустан во кој тие претходно се прошетале на црвениот тепих.

Фотките од Брук Шилдс, Кетрин Зита Џонс, Викторија Бекам и нивните ќерки се доказ дека нивните наследнички изгледаат подеднакво добро во фустаните што тие ги носеле пред неколку децении.

Кетрин Зита Џонс и Карис Даглас

Карис, ќерката на Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас, за прославата на својот 21 роденден избра да го облече розовиот сатенски фустан, од Емануел Унгаро, кој нејзината мајка го носеше на MTV Movie Awards во 1999 година.

kjerki-na-svetski-dzvezdi-koi-gi-oblekoa-fustanite-na-slavnite-majki-i-izgledaat-podednakvo-dobro-02.jpg

Брук Шилдс и Гриер Хенчи

Гриер, ќерката на Брук Шилдс, често позајмува фустани од својата мајка, особено кога оди на јавни настани.

Таа во 2023 го облече долгиот, елегантен фустан во боја на пудра со светки, кој Брук го носеше во 2001 година.

kjerki-na-svetski-dzvezdi-koi-gi-oblekoa-fustanite-na-slavnite-majki-i-izgledaat-podednakvo-dobro-10.jpg

Гриер лани на настан се појави и во црн фустан без прерамки, дизајн на Ричард Рајлер, кој Брук го носеше во 2006 година на гала забавата Carousel of Hope.

kjerki-na-svetski-dzvezdi-koi-gi-oblekoa-fustanite-na-slavnite-majki-i-izgledaat-podednakvo-dobro-07.jpg

Моника Белучи и Дева Касел

Една од најубавите жени во светот, Моника Белучи, во 2000 година на црвениот тепих во Кан се појави во розов фустан кој ја следи линијата на телото.

22 години подоцна, нејзината ќерка Дева објави фотка на која носи ист таков фустан, но кој изгледа како да има различна нијанса.

Поради ова, не е сигурно дали станува збор за истиот фустан или нов фустан кој е целосна копија на оној што го носела Моника, но во поинаква боја.

kjerki-na-svetski-dzvezdi-koi-gi-oblekoa-fustanite-na-slavnite-majki-i-izgledaat-podednakvo-dobro11.jpg

Викторија и Харпер Бекам

Во 2020 година, Викторија Бекам на социјалните мрежи објави фотка на која ја гушка својата ќерка Харпер, а девојчето е облечено во долг фустан со цветен дезен.

Истиот фустан, кој е дел од нејзината колекција, Викторија го носеше неколку месеци претходно.

kjerki-na-svetski-dzvezdi-koi-gi-oblekoa-fustanite-na-slavnite-majki-i-izgledaat-podednakvo-dobro-08.jpg

Кортни Кокс и Коко Рајли Аркет

Ѕвездата на Friends, Кортни Кокс, во 1998 година на премиерата на филмот Snake Eyes носеше виолетов фустан.

Неколку години подоцна, истиот фустан го облече ќерка ѝ Коко, а Кортни ја сподели фотката на социјалните мрежи со коментар дека навистина се исплатило што го купила.

kjerki-na-svetski-dzvezdi-koi-gi-oblekoa-fustanite-na-slavnite-majki-i-izgledaat-podednakvo-dobro-04.jpg

Дајана и Трејси Елис Рос

Трејси Елис Рос во 2017 година беше домаќин на American Music Awards, па се пресоблече неколкупати во текот на вечерта.

Меѓу другите аутфити, таа избра да го носи и белиот костим со црна кошула со светки што нејзината славна мајка, Дајана Рос, го носеше во 1981 кога пееше со Мајкл Џексон.

kjerki-na-svetski-dzvezdi-koi-gi-oblekoa-fustanite-na-slavnite-majki-i-izgledaat-podednakvo-dobro-05.jpg

Крис и Кајли Џенер

Крис Џенер, мајката на Кардашијанс, на својот Инстаграм сподели фотка на која нејзината ќерка Кајли го носи нејзиниот стар розов костим за капење.

„А се прашував каде ми го снема винтиџ костимот за капење. Кајли, ќе те казнам“, напиша таа на објавата.

kjerki-na-svetski-dzvezdi-koi-gi-oblekoa-fustanite-na-slavnite-majki-i-izgledaat-podednakvo-dobro-09.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скапи брендови, необични форми - Какви чанти доминираа на Скопски моден фестивал 2024? Yves Saint Laurent, Karl Lagerfeld, Louis Vuitton се само дел од светските бренд...
15 ѕвезди кои избраа фустани од модните писти и во нив изгледаат поинаку од моделите Марго Роби, Џулија Робертс и Ева Лонгорија се само дел од актерките кои избраа ф...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
Омилените модни парчиња на Италијанките за топлите летни денови Долги лелеави фустани и облека од лен – што носат Италијанките во лето за да им ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg