Комбинирајте различни стилови и уште 5 совети за носење накит со кои ќе изгледате тренди
Ослободете ја креативноста и комбинирајте накит со разни стилови – ѓерданите со минијатурни бисери секогаш изгледаат добро во комбинација со обично златно ланче.
Накитот е одличен начин да ја дополните секоја модна комбинација.
Ако, пак, знаете како да го комбинирате и сте доволно храбри да ставите и некое посмело парче накит, ќе можете да ја претворите и најобичната комбинација во тренди аутфит.
Во продолжение неколку совети што ќе ви помогнат во ова:
Не ги избегнувајте големите парчиња
Големите ланчиња, прстени и обетки повторно се хит, па слободно носете ги.
Само во овој случај одбирајте модели со минималистички дизајн, без многу украси кои прават да изгледаат „кич“.
Дајте му шанса на шарениот накит
Накитот не мора да биде само златен и сребрен и би требало да комбинирате и разни бои.
Денес можете да најдете безброј модели со интересни геометриски форми и бои кои можат да ја освежат секоја ваша комбинација.
Секако, доколку одберете накит со впечатлива боја, не претерувајте – носете едно парче, како обетки или прстен, кое ќе биде главен фокус.
Експериментирајте со повеќе исти парчиња накит
Наместо да комбинирате прстен со ланче, зошто да не ставите повеќе прстени или 2-3 ланчиња со минималистички дизајн?
Комбинирајте разни стилови
Ослободете ја креативноста и комбинирајте накит со разни стилови. На пример, ѓерданите со минијатурни бисери секогаш изгледаат добро во комбинација со обично златно ланче.
Дајте му шанса на накитот украсен со емајл
Овие парчиња накит се навистина уникатни и неретко наликуваат на мали уметнички дела.
А, поради интересните дезени, можат да бидат акцент на целата модна комбинација.
Носете накит на целото тело
Кога времето е потопло, не мора да се ограничувате со носењето накит.
Малите прстенчиња на прстите на нозете, како и белегзиите околу глуждот можат да изгледаат навистина елегантно.
Спирова С. | Црнобело