Фармерки - нема кој не ги сака

farmerki-nema-koj-ne-gi-saka-povekjeБрзо и удобно движење, лежерен стил, движење во природа, исцртување на облини, каубојски изглед – сeто наведено го карактеризира еден од...


...најголемите феномени на дваесеттиот век – фармерките.

Сите имаат барем еден пар во плакарот, додека помладите генерации најчесто поседуваат повеќе варијанти – од избледен џинс до етикетирани модели со дизајнерски потпис.

farmerki-nema-koj-ne-gi-saka

Застапеноста на фармерките не е сразмерно со нивното траење на светската модна сцена. Првите модели се појавиле во 18 век, во Америка.

Оригиналниот назив за фармерките, џинс (jeans), потекнува од називот на материјалот, кој пак го добил името по морнарите од Џенова, Италија кои први го носеле и промовирале.

Првиот состав на овој материјал веќе не е познат (се знае само дека била комбинација на различни состојки), но револуцијата настапува со преоѓањето во Америка, каде џинсот се произведува од памук.

Иако денес џинсот го носат сите, во своите почетоци фармерките биле заштитен знак на работниците за време на прочуената Златна грозница.

Подоцна нив почнуваат да ги носат каубојците како задолжителен дел од облеката, за да дури по Втората светска војна фармерките ја поминат границата на Америка и како и кока колата станат глобално омилени и прифатени.

Денес фармерките се нешто на кое дизајнерите со задоволство го ставаат својот потпис, а нивната цена варира од оние „пазарски“ до прилично високи цени на брендирани парчиња.

Нивната предност е всушност универзалноста. Можат да се комбинираат со други парчиња облека, елегантни или провокативни варијанти, со минимум труд и максимум удобност.

Би можело да ве интересира:

Модели на тексас здолништа совшрени за пролетни и летни комбинации Кратки или долги, широки, исканати... со тексас здолништата нема да погрешите. ...
Флис дуксер се продава по 860 евра – Зошто тинејџерите „полудеа“ по него и дали вреди? Изработен е од чиста волна, а кројот совршено „легнува“ на тело. Зошто тинејџери...
Модни комбинации за најхрабрите: Како да носите портокалова боја? (фото) Погледнете ги овие весели и впечатливи комбинации со портокалова боја и признајт...
Модни трикови за повозрасни жени: Што да носите за да се подмладите, без да изгледате како тинејџерк... Избегнувајте цветни принтови и давајте им предност на светлите бои. Избегнува...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg