Модни комбинации за најхрабрите: Како да носите портокалова боја? (фото)
Погледнете ги овие весели и впечатливи комбинации со портокалова боја и признајте - добивте желба да облечете нешто во овој стил, нели?
На крајот на зимата 2024 и почетокот на оваа пролет, во мода доаѓаат силните, впечатливи бои. А меѓу нив е и портокаловата, боја која не многу дами решаваат да ја стават на себе, па затоа влегува во категоријата на оние бои што ги избираат само најхрабрите.
Но, дури и да не сте една од нив, зошто да не направите нешто смело, па да купите барем едно портокалово парче, кое потоа ќе го комбинирате по ваш вкус?
Оваа боја оди одлично во комбинација со зелена, мастило сина, жолта и, колку и да звучи неверојатно, со црвена и розова.
Погледнете ги овие комбинации и признајте - добивте желба да пробате нешто во овој стил, нели?
А. Ј. | Црнобело