Дуа Липа во фустан стар 20 години, Криси Тајген како принцеза - Највпечатливите изданија на доделувањето на Греми наградите
Најзвучните имиња во музичката индустрија се собраа вчера (недела, 03.04) во Лас Вегас на 64-тото по ред доделување на Греми наградите.
Со впечатливи тоалети, музичките ѕвезди прошетаа на црвениот тепих и додека едни го украдоа вниманието на присутните со совршените модни парчиња, други, пак завршија на листата на најлошо облечени.
Од гламурозни тоалети во стилот на стариот Холивуд, до проѕирни фустани што оставија многу малку на имагинацијата – како прошетаа славните музичари на црвениот тепих?
Дуа Липа се појави во винтиџ издание на Versace, кое за првпат било дизајнирано во 1992-та година, а Донатела Версаче го носела на тогашната Мет Гала. Во истиот фустан досега се појавиле и Синди Крафорд и Ким Кардашијан.
Дуа Липа во винтиџ фустан на Versace (Донатела Версаче, Синди Крафорд и Ким Кардашијан го носеле истиот фустан)
Лејди Гага се појави во елегантна тоалета на Armani Prive која нѐ потсети на гламурот на стариот Холивуд, а меѓу најубаво облечените беа и Криси Тајген и Оливија Родриго.
Погледнете ги во продолжение највпечатливите изданија на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите:
Б. С. Б. | Црнобело