Костум како диносаурус, пластична кеса со грицки - најлошите и најбизарните изданија на ѕвездите на Греми наградите 2022 (фото)
- Детали
- понеделник, 04 април 2022
Огромното сако на Џастин Бибер, бизарното сако на Били Ајлиш и зелениот костум како диносаурус на Тајла Паркс се само дел од чудните и лоши комбинации на познатите личности на овогодишното доделување на Греми наградите.
Греми наградите се настан кој стана препознатлив по смелите модни комбинации на познатите личности, но токму поради ова секоја година гледаме и бројни модни промашувања.
Годинава се одржа 64-тото издание на Греми наградите во Лас Вегас, а на настанот присуствуваа некои од најголемите имиња на музичката сцена како Лејди Гага и Били Ајлиш.
Додека дел од ѕвездите изгледаа беспрекорно, на црвениот тепих дефинитивно доминира „кич“ комбинациите.
Можеби најмногу внимание привлече пејачката Тајла Паркс која буквално изгледаше како диносаурус со зелениот костум со големи боцки.
На мета на критики се најде и Џастин Бибер со преголемиот костум.
Музичарот Дилон Френсис, пак, дојде со обични црни панталони, маичка по кратки ракави и пластична кеса полна со грицки.
По лошиот аутфит на Оскарите, Били Ајлиш повторно изненади со лоша комбинација од чудно сако со црн фустан и црни чизми.
Најлошо облечените ѕвезди на овогодишното доделување на Греми наградите:
Спирова С. | Црнобело