16 модни трикови на Французинките за беспрекорен изглед
Класични фармерки кои не излегуваат од мода, хулахопки наместо хеланки, широко сако што можете да го комбинирате со сè - Французинките навистина ги знаат сите тајни за совршен изглед.
Со години Французинките важат за најдобро облечени жени, па сигурно можеме да научиме нешто од нив.
Една од нивните најголеми тајни е негувањето на природниот изглед – без разлика дали станува збор за шминка или облека, овие девојки и жени ја нагласуваат нивната природна убавина. Истовремено, за нив удобноста е особено важна, а тоа прави да изгледаат уште подобро.
Па погледнете кои парчиња ги има секоја модерна Фрнацузинка и кои се тајните за беспрекорниот изглед:
Колани
Коланите можете да ги комбинирате со сè – фустани, џемперчиња, здолништа Всушност, некогаш е доволно само да ставите и колан за целата комбинација да изгледа многу подобро.
Црни оксфордки
Класичните оксфордки се задолжителни за секоја Французинка. Изгледаат одлично и во лежерни, и во деловни комбинации, а се и мошне удобни.
Класични фармерки
Фармерките со пошироки ногавици се уште едно парче облека што е хит кај Французинките. Покрај тоа, фармерките никогаш не излегуваат од мода, па вреди да инвестирате во пар што ви стои добро.
Големи очила за сонце
Без разлика каква е формата на вашето лице, големите очила за сонце сигурно ќе ви стојат одлично.
Широка бела кошула
Кога не знаете што да облечете, никогаш нема да погрешите со широка бела кошула. Овие модели се многу подобри од струкираните кошули, им стојат добро на сите девојки и жени и се навистина удобни.
Летни фустанчиња во светли бои
Уште едно одлично парче за деновите кога не сте сигурни што сакате да носите. Денес можете да најдете безброј модели на летни фустанчиња во светли бои и со интересни принтови. А, за да ја дополните комбинацијата ќе ви требаат само чевли и чанта.
Класичен мантил
Мантилите никогаш не излегуваат од мода, а најдобро изгледаат пошироките модели. Исто така, за уште подобар изглед, само врзете го коланот во јазол.
Блузи што ги истакнуваат рамената и клучните коски
Овие блузи изгледаат женствено, ги истакнуваат вашите рамена, а притоа не изгледат вулгарно. Само, кога носите вакви блузи имајте на ум дека најдобро е да не нагласувате и друг дел од телото.