16 модни трикови на Французинките за беспрекорен изглед

Мала чанта со темна боја

Многу е полесно да ги комбинирате малите чанти со темни нијанси, отколку моделите со дречливи бои. Сепак, акцентот на комбинацијата не треба да биде вашата чанта – таа само го дополнува изгледот.

16-parchinja-obleka-shto-kje-gi-najdete-vo-garderoberot-na-sekoja-moderna-francuzinka-10.jpg

„Машко“ сако

Вреди да инвестирате во барем едно пошироко сако, кое изгледа одлично и во лежерни, и во деловни комбинации. Ова парче облека можете да го комбинирате со скоро сè – кошули, маичка, фармерки, здолништа, кратки панталони…

16-parchinja-obleka-shto-kje-gi-najdete-vo-garderoberot-na-sekoja-moderna-francuzinka-11.jpg

Широки здолништа

Наместо тесно, многу подобро е да купите пошироко здолниште. Овие модели изгледаат женствено и ќе ви стојат добро без разлика на формата на вашето тело.

16-parchinja-obleka-shto-kje-gi-najdete-vo-garderoberot-na-sekoja-moderna-francuzinka-12.jpg

Плетени чанти

Во овој случај одберете модел со еден плетен детаљ, наместо чанта која е целата изработена од слама. Ваквите модели ќе изгледаат добро и во лентите, но и во зимските месеци. За топлите денови, нема да погрешите и чанта која е целата изработена од слама.

16-parchinja-obleka-shto-kje-gi-najdete-vo-garderoberot-na-sekoja-moderna-francuzinka-13.jpg

Џемперче со копчиња

За романтичен изглед, никогаш нема да погрешите со џемперче со копчиња. Можете да го комбинирате со маички, можете да ги закопчате сите копчиња, можете да закопчате само неколку – навистина има безброј можности.

16-parchinja-obleka-shto-kje-gi-najdete-vo-garderoberot-na-sekoja-moderna-francuzinka05.jpg

Сандали со полна потпетица

Овие сандали лесно се вклопуваат во летните комбинации, а и се многу поудобни од сандалите со штикла.

16-parchinja-obleka-shto-kje-gi-najdete-vo-garderoberot-na-sekoja-moderna-francuzinka-15.jpg

Црвен кармин

Кога не сте расположени за шминкање, доволно е само да нанесете црвен кармин. За карминот да ви стои добро, направете пилинг на усните и не ја занемарувајте нивната хидратација.

16-parchinja-obleka-shto-kje-gi-najdete-vo-garderoberot-na-sekoja-moderna-francuzinka06.jpg

Хулахопки наместо хеланки

Наместо хеланки или црни хулахопки, секоја комбинација ќе изгледа многу подобро со проѕирни хулахопки. Дури и во зимските месеци, избегнувајте ги црните хеланки и заменете ги со подебели хулахопки со беж или боја слична на вашата кожа.

16-parchinja-obleka-shto-kje-gi-najdete-vo-garderoberot-na-sekoja-moderna-francuzinka-17.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Хеланки и уште 7 модни парчиња кои мајките со стил не треба да ги носат во училиштето на децата Облека со длабоко деколте, проѕирни и разголени делови на телото, тренерки и шти...
7 зимски парчиња од кои веќе не се срамиме и конечно ги носиме на екстремно студено време Рамни и топли чизми наместо високи потпетици и плетени ракавици кои нè топлат - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg