8 совети за комбинирање хеланки со лежерна облека

Хеланките повеќе не се само парче облека за вежбање и можете да ги вклопите и во секојдневните, лежерни комбинации.

8-soveti-za-kombiniranje-helanki-so-lezherna-obleka-01.jpg

Сепак, некогаш може да биде тешко да ги комбинирате хеланките со вистинските парчиња облека.

Затоа, погледнете неколку совети што ќе ви помогнат во тоа:

Одберете модел со висок струк

Бидејќи се тесни, хеланките со низок струк ќе ве затегнат на колковите, ќе ви го истакната стомакот и ќе ја изобилчат вашата фигура, дури и ако немате вишок килограми.

Моделите со висок струк, од друга страна, можат да ги покријат недостатоците како големо стомаче и ќе ги нагласат облините на телото.

8-soveti-za-kombiniranje-helanki-so-lezherna-obleka-02.jpg

Избегнувате впечатливи принтови

Шарените и многу впечатливи принтови можат да направат вашите нозе да изгледаат пошироко. Многу подобро е ако одберете еднобојни хеланки.

8-soveti-za-kombiniranje-helanki-so-lezherna-obleka-03.jpg

Купувајте хеланки со долги ногавици

Кратките хеланки визуелно ќе ги скратат вашите нозе и ќе направат да изгледаат пошироки. Освен ако не сакате да го постигнете токму тој ефект, хеланките со долги ногавици си секогаш подобар избор.

8-soveti-za-kombiniranje-helanki-so-lezherna-obleka-04.jpg

Внимателно комбинирајте ги боите

Без разлика што станува збор за спортско парче облека, бојата на хеланките би требало да одговара со другите парчиња облека.

8-soveti-za-kombiniranje-helanki-so-lezherna-obleka-05.jpg

Комбинирајте ги со ниски чевли

Кога станува збор за обувки, најдобро избегнувајте да ги комбинирате хеланките со чизми. Многу подобро ќе изгледате во комбинација од хеланки и патики, старки и слично.

8-soveti-za-kombiniranje-helanki-so-lezherna-obleka-07.jpg

Немојте да ги носите со фустан или здолниште

Во 2000-тите ова беше еден од најголемите трендови, но сега можеме да се согласиме дека не изгледа воопшто добро.

Хеланките стојат најдобро во комбинација со кроп-топ и „обични“ маички.

8-soveti-za-kombiniranje-helanki-so-lezherna-obleka-08.jpg

Избегнувајте да ги комбинирате со долги џемпери

Долгиот џемпер во комбинација со хеланки не секогаш изгледа добро. Подобро одберете пократко џемперче или маичка во комбинација со џемпер со копчиња.

8-soveti-za-kombiniranje-helanki-so-lezherna-obleka-09.jpg

Комплетите не се секогаш добар избор

Комплетот од хеланки и маица изгледа добро само во теретана. Ако ги носите хеланките како дел од лежерна комбинација, подобро комбинирајте ги со нешто друго.

8-soveti-za-kombiniranje-helanki-so-lezherna-obleka-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
Хеланки и уште 7 модни парчиња кои мајките со стил не треба да ги носат во училиштето на децата Облека со длабоко деколте, проѕирни и разголени делови на телото, тренерки и шти...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg