За сите вљубенички во уникатни чевли: Bellmondo, македонски бренд со врвен дизајн

Како љубител на високи потпетици со уникатен принт и дизајн и човек кој смета дека чевлите никогаш не треба да бидат здодевни, сосема случајно пред некоја година наидов на македонскиот бренд Bellmondo.

za-site-vljubenicki-vo-unikatni-cevli-bellmondo-makeodnski-brend-so-vrven-dizajn-001.jpg

Удобни, уникатни, шарени и со дебела потпетица која е апсолутно практична за скопските улици и тротоари (особено ако одите пешки секој ден) – ова беше мојот заклучок за изборот на мојот модел на чевли од овој македонски бренд.

za-site-vljubenicki-vo-unikatni-cevli-bellmondo-makeodnski-brend-so-vrven-dizajn-05.jpg

Дизајнот и квалитетот на изработка е по светски стандарди, а моделите се шик и уникатни - како за помлади девојки кои сакаат урбан изглед, така и за дами кои практикуваат добар стил.

Во кратки црти, да ве запознаам со брендот Bellmondo... Станува збор за фабрика за производство на уникатни висококвалитетни чевли лоцирана во Крива Паланка.

Сопствениците, своето 6 годишно искуство во италијанска фабрика за производство на обувки, во 2011 година го преточуваат во сопствена бизнис идеја – производство на обувки во Македонија, а во 2015-та година е формиран и брендот Bellmondo. 

Ни претставува вистинско задоволство кога наидуваме на успешна приказна и доказ дека кога нешто навистина многу посакувате, со многу упорност, труд и работа - може да го реализирате. 

„Како женско која е вљубеник и фанатик за чевли, а згора на тоа цел живот проблем со наоѓање соодветен број (35) кој ретко се наоѓа, се роди идејата да освен што произведуваме за други клиенти да направиме сопствено производство, сопствен бренд кој ќе биде препознатлив“ – ни раскажува Светлана која е и главен виновник за дизајнот, бирањето на бои и принтови, соодветни комбинации во Bellmondo.

za-site-vljubenicki-vo-unikatni-cevli-bellmondo-makeodnski-brend-so-vrven-dizajn012.jpg

Сите чевли се изработени од најдобро избрана природна кожа. Од секојдневни чевли на ниска потпетица до удобни стилето потпетици - изборот е огромен, а дизајните впечатливи.

Најпродавани модели кои се најчесто прв избор на жените во Македонија се безвременските салонки изработени во специфични, униканти и препознатливи принтови.

За сите оние кои сакаат да ја истакнат својата женственост, најдобриот избор се салонките Мерилин - заводливи и секси во секое издание.

za-site-vljubenicki-vo-unikatni-cevli-bellmondo-makeodnski-brend-so-vrven-dizajn-06.jpg

Ако сте жена која претпочита да носи обувки во кои ќе се чувствува моќно, верувам дека нема да ве разочараат. 

Оваа пролет колекцијата претставува изобилие од модели кои комбинираат палета на пастелните бои - виолетова, небесно сина, минт, корална.

za-site-vljubenicki-vo-unikatni-cevli-bellmondo-makeodnski-brend-so-vrven-dizajn-10.jpg

Она што е сигурно е дека чевлите на Bellmondo со сигурност ќе го привлечат вниманието на сите околу вас.

Ние ги одбравме нашите фаворити од Bellmondo:

za-site-vljubenichki-vo-unikatni-chevli-bellmondo-uspeshna-makedonska-prikazna-03.jpg

za-site-vljubenicki-vo-unikatni-cevli-bellmondo-makeodnski-brend-so-vrven-dizajn-08.jpg

za-site-vljubenicki-vo-unikatni-cevli-bellmondo-makeodnski-brend-so-vrven-dizajn-11.jpg

https://www.instagram.com/p/CNXemk-LNG6/?igshid=1f0gdizfld5ar

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg