Сара Џесика Паркер со „распар“ чевли, Ел Фанинг во апостолки на црвен тепих - Новиот моден тренд со несоодветни чевли ги освои и славните

Идејата е да облечете чевли што воопшто не би ги носеле со аутфитот што сте го избрале. Чизми со елегантен фустан, апостолки и елегантни панталони или, пак, во случајот на Сара Џесика Паркер – чевли во различна боја. На овој начин ќе успеете да оставите поголем впечаток и да бидете забележани. Што мислите за овој нов тренд?

nema-da-ste-smeshni-ako-nosite-pogreshni-chevli-tuku-vo-trend-nov-moden-hit-shto-go-prifati-i-sara-djesika-parker-01.jpg

Носењето несоодветни чевли е најновиот моден тренд, на којшто не можеше да му одолее ниту актерката која важи за модна икона, Сара Џесика Паркер.

Трендот стана вистински хит кон крајот на летото и на почетокот на есента, благодарение на стилистката Алисон Борнстајн која тврди дека понекогаш и погрешните чевли може да изгледаат совршено и да го направат целокупниот изглед повпечатлив.

„Додека работев со клиенти и голем број познати личности, сфатив дека некој изглед може да биде поинтересен и поблизок до клиентот ако му се додадат аксесоари што се малку поразлични и не одговараат со целокупниот изглед“ – вели таа.

nema-da-ste-smeshni-ako-nosite-pogreshni-chevli-tuku-vo-trend-nov-moden-hit-shto-go-prifati-i-sara-djesika-parker-02.jpg

Таков пример би можело да биде носењето елегантни панталони со апостолки наместо со елегантни чевли или, пак, балетанки со макси фустан или здолниште.

nema-da-ste-smeshni-ako-nosite-pogreshni-chevli-tuku-vo-trend-nov-moden-hit-shto-go-prifati-i-sara-djesika-parker-03.jpg

nema-da-ste-smeshni-ako-nosite-pogreshni-chevli-tuku-vo-trend-nov-moden-hit-shto-go-prifati-i-sara-djesika-parker-04.jpgЕл Фанинг во елегантни панталони и апостолки на Кански филмски фестивал

Со други зборови, најновиот моден тренд подразбира да изберете чевли што никогаш не би ги носеле со одредени парчиња облека и на тој начин да оставите впечаток.

Можете да го искомбинирате фустанот со патики или со впечатливи чизми и на тој начин да внесете нешто сосема неочекувано заради што целокупниот изглед ќе биде мошне забавен и несекојдневен.

nema-da-ste-smeshni-ako-nosite-pogreshni-chevli-tuku-vo-trend-nov-moden-hit-shto-go-prifati-i-sara-djesika-parker-05.jpg

nema-da-ste-smeshni-ako-nosite-pogreshni-chevli-tuku-vo-trend-nov-moden-hit-shto-go-prifati-i-sara-djesika-parker-06.jpgКејти Холмс во макси фустан и балетанки

Овој тренд брзо се прошири на социјалните мрежи, а нему не му одолеа ниту актерката Сара Џесика Паркер, која заради улогата на Кери Бредшо во филмот Sex and the City, важи за вистинска модна икона.

На една гала вечер во Њујорк, Сара се појави во елегантен фустан и со панделка на главата, но она што даде посебен печат на целокупниот изглед беа нејзините чевли. За таа пригода, Сара избра две исти чевли, но во различна боја: едната црна, а едната розова.

nema-da-ste-smeshni-ako-nosite-pogreshni-chevli-tuku-vo-trend-nov-moden-hit-shto-go-prifati-i-sara-djesika-parker-07.jpg

nema-da-ste-smeshni-ako-nosite-pogreshni-chevli-tuku-vo-trend-nov-moden-hit-shto-go-prifati-i-sara-djesika-parker-08.jpg

Инаку, ова не беше првпат Сара да се појави во различни чевли.

Таа во февруари годинава беше фотографирана во бел аутфит со чевли во различна боја, а истото го направи и во 2019-та година на модна гала во Њујорк, кога носеше една розов и еден златен чевел.

nema-da-ste-smeshni-ako-nosite-pogreshni-chevli-tuku-vo-trend-nov-moden-hit-shto-go-prifati-i-sara-djesika-parker-09.jpg

nema-da-ste-smeshni-ako-nosite-pogreshni-chevli-tuku-vo-trend-nov-moden-hit-shto-go-prifati-i-sara-djesika-parker-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg