3 типови на џемпери кои задолжително мора да ги имате во плакарот оваа есен (фото)
Во текот на оваа студена есен и зимата којашто ни претстои ќе се носат модели на џемпери кои како да ги подзаборавивме во минатото.
Покрај првиот предлог од три џемпери кои мора да ги имате секоја есен, предложуваме уште три лежерни и опуштени варијанти во кои ќе се чувствувате удобно и истовремено секси.
Џемпер со волуменозни ракави
Колку пошироки ракави – толку подобро! Во комбинација влегуваат и џемпери со проѕирно-свиленкасти, волуменозни ракави.
Широки ролги со долги ракави и украсни копчиња
Слично како и кај првиот тип на џемпер, и за овој гласи правилото – колку покрупни и поукрасни копчиња – толку подобро. Во оваа категорија влегуваат ролки и полуролки со поширока и поголема јака околу вратот.
Големи џемпери кои може да се носат во замена за мантил или фустан
Апсолутно огромни, over-sized џемпери кои може да „поминат“ како фустан, наметка или пак во замена за јакна или мантил. Одлично се надополнуваат со кошули и хулахопки со интересен дезен.
(О)Милена | Црнобело