Мајли Сајрус „гол“ фустан, момчето на Меган Фокс во целосно розов стајлинг: Модата на MTV VMA 2020
Од музички изведби со маски до храбри модни избори, како мина светскиот музички настан во време на корона?
Мајли Сајрус и Лејди Гага доминираа вчеравечер (30.08) на MTV VMA наградите во Њујорк.
Мајли се одлучи за провокативен транспарентен фустан, а Лејди Гага изгледаше шик во специфичен сребрен фустан.
Бела Хадид носеше монохроматски стајлинг, но со транспарентните делови и таа го привлече вниманието.
На настанот Аријана Гранде имаше најмногу номинации, дури 9, а заедно со Лејди Гага со маски на лицата ја изведоа „Rain on Me“.
https://www.instagram.com/p/CEh5MdqFT5e/
https://www.youtube.com/watch?v=5D4vjndnB0w&feature=emb_logo
Од мажите во впечатлив розов стајлинг се појави музичарот Машин Ган Кели, момчето на актерката Меган Фокс.
Модата на VMA MTV 2020:
С. С. | Црнобело