5 материјали кои најмалку потат
На сите ни е добро познато дека полиестерот е еден од најнеудобните материјали за во лето, кој треба да го избегнуваме, бидејќи кожата не дише под него.
Меѓутоа, кои ткаенини и материјали не поттикнуваат потење?
1. Лен – слободно можеме да го прогласиме како природен „вентилатор“ за во лето. Ако не ви пречи тоа што лесно се тутка, цело лето можете да го поминете во него.
2. Памук – непобедлив избор за високите температури, бидејќи не задржува топлина, односно ја впива влагата од телото.
3. Вискоза – едно од најпопуларните синтетички влакна, кое по хемиски состав е многу слично со памукот. Токму поради тоа, вискозата е удобна за носење во облик на долги пантолани или лесни фустанчиња кога надвор е топло.
4. Свила – позната по тоа што се прилагодува на температурата, па во текот на зимата ве грее, а во текот на летото – лади.
5. Шифон – се изработува од разни мешавини, а кога е направен од памук и свила – станува идеален материјал за летната облека. Најчесто се користи за фустани и блузи, бидејќи е лелеав и лесен.
М. Д. | Црнобело