Жена купува облека на старо и ја трансформира во тренди модни парчиња (фото)
Продавниците за облека на старо се неверојатен изум – за многу малку пари можете да најдете одлични модни парчиња.
Јасно е и дека овде изборот е многу поограничен, но ова не претставува проблем за 32-годишната Кејтлин Трентам.
Откако започнала пандемијата, Кејтлин имала многу повеќе слободно време, па решила да го искористи за да ја трансформира облеката купена на старо.
Младата жена отсекогаш сакала винтиџ облека, но не ѝ се допаѓало што овие парчиња се многу скапи, а и тешко се наоѓаат. Затоа, решила да го искористи нејзиното искуство со шиење и да ја преземе ситуацијата во свои раце.
Кејтлин вели дека на овој начин не само што штеди пари, туку и ја рециклира облеката – нешто што е навистина добро за нашата околина.
Кејтлин не плаќа повеќе од 10 долари за едно парче облека, а пред да го купи добро го анализирала за да открие дали може да го преправи на кој било начин. Сепак, таа не сака да купува облека што никогаш нема да ја облече, без разлика што е евтина.
Ако знаете да шиете или сакате да научите, можеби Кејтлин ќе ви биде инспирација и вие да почнете со некој сличен проект.
Дел од најдобрите трансформации на креативната Кејтлин:
Спирова С. | Црнобело