Три летни модни формули што можеме да ги „украдеме“ од Кејт Мидлтон
Уште откако светот дозна дека таа ќе биде сопруга на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон е модна инспирација за многу жени.
Комбинациите на војвотката секогаш зрачат елеганција, а она што најмногу им се допаѓа на сите е тоа што таа неретко носи поевтина облека, од помалку познати брендови.
Кејт многупати и ја „рециклира“ нејзината облека – за разлика од повеќето јавни личности, таа без проблем се појавува со веќе износени модни комбинации. Кога ќе земете предвид дека повеќето луѓе не можат секој ден да купуваат нова облека, не е ни чудно што многу жени црпат инспирација од Кејт.
Во продолжение погледне три летни модни формули од војвотката со кои ќе изгледате беспрекорно:
Ретро фустан + еспадрили или штикли
Бела кошула + беж панталони + патики
Маичка со линии + темни панталони + чанта со впечатлива боја
Погледнете и 3 модни формули кои ги актуелизираше принцезата Дијана.
Уште неколку одлични летни комбинации на војвотката:
Спирова С. | Црнобело