Вистинска дама од мали нозе: 6-годишно девојче од Скопје е мала модна икона (фото)

Меланија Петковска (6) од Скопје е мало девојче, но е голем вљубеник во модата. „Ѝ посочувам дека не е важна цената на облеката, дали тоа ќе биде евтино или скапо - најважно е тоа што го носиш на себе да знаеш да го износиш како што треба“, вели нејзината мајка Кристина за CRNOBELO.com.

vistinska-dama-od-mali-noze-6-godishno-devojche-od-skopje-e-mala-modna-ikona-foto-01.jpg

Меланија Петковска (6) од Скопје е девојче на кое уште од најрана возраст му е вметнато како треба да изгледа и да се однесува едно девојче, кое еден ден ќе прерасне во дама.

Таа е вистинска мала модна икона.

Нејзината мајка Кристина за CRNOBELO.com вели:

„За да стане дама ѝ објаснувам дека секогаш е најважен првиот впечаток кој што ќе го остави, но и со каква енергија ќе зрачи.

vistinska-dama-od-mali-noze-6-godishno-devojche-od-skopje-e-mala-modna-ikona-foto-05.jpg

Покрај изгледот, исто така многу е важно како ќе се однесува. Секогаш треба да биде културна и умерена во своето однесување, со што би се издвоила од толпата со својот бон тон и култура. 

vistinska-dama-od-mali-noze-6-godishno-devojche-od-skopje-e-mala-modna-ikona-foto-14.jpg

Што и да облече ја учам дека највредниот и најскапоцениот аксесоар е насмевката и харизмата со која сите секој од нас зрачи на уникатен начин. 

vistinska-dama-od-mali-noze-6-godishno-devojche-od-skopje-e-mala-modna-ikona-foto-17.jpg

Иако Меланија е спортски тип, бидејќи уште од најрана возраст се занимава со спорт (од 3 години тренира тенис), таа точно знае што значи да си облечен спортски и која гардероба за која намена се носи.

vistinska-dama-od-mali-noze-6-godishno-devojche-od-skopje-e-mala-modna-ikona-foto-19.jpg

Па, затоа секоја останата пригода гледаме да ја искористиме за таа да изгледа стилизирано и поразлично.

vistinska-dama-od-mali-noze-6-godishno-devojche-od-skopje-e-mala-modna-ikona-foto-11.jpg

Пред сè, облеката секогаш треба да биде чиста, испеглана и уредна. Чистите чевли, исто така, ни се секојдневна рутина, бидејќи чевлите се одлика на човекот. 

vistinska-dama-od-mali-noze-6-godishno-devojche-od-skopje-e-mala-modna-ikona-foto-16.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
4-годишно девојче од Прилеп е модна инспирација на Инстаграм (фото) Забавни аутфити и талент за позирање, запознајте ја малата Марија од Прилеп, кој...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg